Многу од луѓето со кои редовно се дружам, на улица си ги препознавам по одот, наместо по ликот, а има и многумина што ми се налутиле што воопшто не ги гледам. Претходните наочари (кхм, очила) кои ги имав беа како сплоснати правоаголници со дебели рачки и бидејќи ништо не гледав од страна не ги ни носев ако не беше за да работам на компјутер, да гледам тв, на кино, на театар.
Дојде време да ги сменам наочарите и бидејќи секогаш гледам на практичната страна, главните побарувања ми беа: да немаат дебели рачки, да не бидат мали за рамката да не ми е во видокруг, да не се црни и да имаат побезвременски дизајн, што нормално, ќе ме личи да го носам во секое време.
English translation at the end of the post.
Кога купувам вакви работи, предност им давам на малите продавнички, па отидов да разгледам во истата продавница од каде ги имав купено претходните наочари пред 4-5 години. Ме пречека сопственикот на продавницата кој искрено кажуваше што не ми стои и ми препорачуваше модели кои морам да ги пробам. Ги исклучив сите со шарени, тесни рамки, дебели рачки, чудни облици и остана изборот на едни мааалку хипстерски со суптилен леопардски дизајн (се потсетив како ја прашувам мајка ми зашто носи таков дизајн пред 20 години) и едни со облик на мачкини очи со темно виолетова нијанса.
Тоа беше баш пред новогодишните празници и си реков ќе ги купам првите идната недела, да разгледам и други опции… и кога живеете на штрек да не ви купат нешто во меѓувреме, знаете дека тоа било тоа. Поради различни околности отидов назад дури после 2 месеца, тогаш на работа беше друга девојка и ѝ раскажав за моделот. Рече, имаш среќа, беа само два пара, едните си ги зеде газдарицата, еве ја сега влегува. И кога влезе една шик Италијанка со кратка коса на која супер ѝ стоеја, знаев дека изборот ми е правилен.
Пак знам да излезам без наочари, ама се трудам да ги носам почесто навечер… така што не ми се лутете ако не ве препознаам :)
С.
—
I recognize many of the people that I hang around often with by the way they walk, instead of their face, and there are many others that had the grudge on me for not seeing them at all. My previous glasses were in the shape of squinted rectangles with broad handles, so because I couldn’t see anything on the sides I usually didn’t wear them except when working on the computer, watching tv, going in the cinema or theater.
The time has come for me to change them, and since I usually see on the practical side of things, my main requirements were: to avoid thick handles, to have larger glasses so I don’t see the frame in my sight, not to be black and have more timeless design, which of course, would look good on my at any time.When I buy stuff like this, I give advantage to the little shops in the city, so I went to look around in the same shop I have bought my previous eyewear around 4-5 years ago. The owner of the store was there so he honestly told me what doesn’t fit me and recommended me some models I had to try on. I discarded the ones with colorful, narrow frames, thick handles, weird shapes and the choice was made among ones that were a bit more hipster-like with a subtle leopard print (I recalled asking my mom why she wore that kind of design 20 years ago) and ones with a cat-eyed shape with dark purple shade.
It was just before the new-year holidays and I told myself that I would buy the first ones the following week, so I can take a look at other options… and when you live in alert that someone could buy those in front of your eyes, you know those are the right ones for you. Because of many reasons, I went back to the shop 2 months later. Another girl was working then and I told her about the model. She said, you’re lucky, there were only 2 pairs and the owner’s wife took one of them, here she is, entering the store. And when a chic Italian with short hair walked in with the perfectly fitting glasses, I knew I made the right choice.
I still go out without glasses, but I try to wear them more often at night… so don’t be mad at me for not recognizing you :)
S.