Ги сакаме Missy Onion! | We <3 Missy Onion!

Поминаа веќе месец дена од нашето превкусно патешествие со девојките од прекрасниот блог за гастрономски уживанции – Missy Onion, но не можевме да одбереме ограничен број фотографии од тој уникатен лежерен ден во многу риги и одлично друштво!

Елена и Аида ги следиме уште од самиот почеток на нивниот блог, од декември минатата година (Аида веќе ја знаеме од прекрасните мафини кои ни ги подготвки за првиот Филмски Бутик!) и не можевме да престанеме да се радуваме кога нè прашаа дали сакаме да поминеме еден ден заедно во готвење и мноооооогу јадење!

За да има смисла целата таа храна на нашиов блог, си смисливме мор(нар)ска тема за кубански ручек со неизбежните риги како карта за влез во ова супер друштво :) Додека се договараше темата фрчеа договори од кои ни течеа лиги, што од прекрасните идеи за комбинирање интересни салати од рукола, сирење и лубеница, до спомнувањето на пилешки и ориз со грав на кубански начин нафрлено од Сандра и нејзиното патување на Куба. Знаевме дека сакаме и да пиеме оригинално кубанско мохито (а и куба либре) за кои снимивме и видеа на инстаграм! Финиширавме со американски палачинки (и таму јадат такви за доручек), за на крај да ни треба некој да нè тркала до дома!

Повеќе фотографии од храната следат наскоро на нивниот блог, а може да ги следите и на фејсбук и на инстаграм, пожелно не на гладен стомак :)

Ви благодариме госпоѓици за ова прекрасно искуство и се надеваме дека ќе го повториме пак!

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

There’s been a month of out mouth-watering journey with the girls from the wonderful blog of gastronomic enjoyments – – Missy Onion, but we took the longest time to pick the photographs of that unique  casual day, colored in many stripes and in great company!

We follow Elena and Aida since they first started their blog in December of last year (Aida we know from the great muffins  she prepared for the first Film Boutique!) and we couldn’t stop jumping around from happiness if we want to spend a day together in cooking and a looot of eating!

In order to have a joiny topic over all that food on our blog, we thought of a navy theme for Cuban lunch with the unavoidable stripes as a ticket to renter this great crowd! While we agreed on the menu, there was discussion end to end on a salad from rucola, cheese and watermelon, to the mention of chicken and rice and beans prepared and inspired by Sandra and her trip to Cuba. We knew we wanted to drink an original Cuban mojito (and Cuba Libre) for which we made Instagram videos! We finished with American pancakes (they eat them in Ciuba for breakfast though) and we needed help rolling back home!

More photographs from the food coming up soon on their blog, and you can follow them on  Facebook and на Instagram, preferably not on an empty stomach :)

We thank you miss-es for this magnificent experience and we hope to do it again!

Facebook Comment



You may also like