Оваа сабота имавме прилика да се најдеме во малку необична улога :) По покана на Лили Кадинска, дизајнерката зад Le Brand, учествувавме во модниот перформанс кој се одржа во Lotus Design Store во Skopje City Mall.
Необична улога, бидејќи наместо да бидеме зад сцената како вообичаено, застанавме на неа :) Целта на перформансот беше секој од учесниците да направи своја комбинација со некое од парчињата на Le Brand и потоа да ја презентира пред публиката во City Mall. Ни се допадна идејата бидејќи ни даде можност да го докажеме она што сакаме да го постигнеме со нашиот блог – секое парче може да се комбинира во лежерна комбинација и повторно да изгледа убаво и модерно :) Во перформансот учествуваа и блогерките Александра, Мери и Илина кои исто така ги презентираа нивните комбинации на сцената.
Погледнете како изгледаше нашето моделско искуство (Калина беше оправдано отсутна, ама решивме дека мора да ни се оддолжи со една поголема фотосесија :))