Која страница е првата што ја вклучувате кога разгледувате облека, планирате комбинации и барате инспирација? Пинтерест, Skopje Casual, Refinery 29?
Што велите за можноста да видите и македонски дизајнери достапни на овој начин? Новата модна онлајн дестинација која ќе ја понуди македонската мода преку вашиот компјутер се вика Bastet Noir. Бастет е божица прикажана во египетската митологија како жестока мачка или жена со глава на мачка. Таа ги отелотворува елеганцијата и силниот дух на жените. Ноар значи црно на француски јазик. Црните мачки биле доста почитувани во стар Египет, па затоа и биле резервирани само за најбогатите и најмоќните луѓе, поради тоа што најчесто се верувало дека тие носат просперитет и богатство на нивните сопственици. Тимот зад Bastet Noir верува дека секоја жена носи по една црна мачка во себе.
Трите дизајнери кои учевствуваат во овој проект се Ивана Кнез, Ирина Тошева и Маја Кикириткова.Освен разгледување и инспирирање, Bastet Noir ќе отиде еден чекор понатаму, ќе овозможи директно купување преку нивната веб страница.
Денес, на Skopje Casual имате ексклузивно претставување на идејното решение за ова веб страница и тоа делот со дизајнери, продукти и инцијалната страница.
До официјалното лансирање во мај останете во контакт преку:
Facebook: https://www.facebook.com/pages/Bastet-Noir/492720374123237
Twitter: https://twitter.com/Bastet_Noir
Pintrest: http://pinterest.com/bastetnoir/
English translation at the end of this post.
What is the first page when browsing for clothes planning for combos and looking for inspiration? Pinterest, Skopje Casual, Refinery 29?
What do you say for the possibility to see great Macedonian designers available in the same way? The new online fashion venue that will take Macedonian fashion to your computer is called Bastet Noir. Bastet is a goddess presented in the Egyptian mythology as a fierce cat or a woman with a cat’s head. She embodies elegance and the strong spirit of women. Noir means black in French. The black cat was very respected in ancient Egypt, so they were reserved for the rich and powerful; they were believed to bring prosperity and wealth to their owners. The team behind Bastet Noir believes that every woman carries one black cat within.
The three designers that are a part of this project are Ivana Knez, Irina Tosheva and Maja Kikiritkova. Apart from browsing and inspiration, Bastet Noir will take us one step further and enable direct purchase from the website.
Today, on Skopje Casual you have an exclusive preview of the design and layout of the website; the designers products and homepage.
Until the official launch in May keep in touch via:
Facebook: https://www.facebook.com/pages/Bastet-Noir/492720374123237
Twitter: https://twitter.com/Bastet_Noir
Pintrest: http://pinterest.com/bastetnoir/