Четврт роденден! | Fourth birthday!

За да не се обидуваме четврта година по ред да ви објасниме во какви хаос-среќа-паника состојби сме кога ни е роденден, ќе ви го покажеме само како изгледаше спремањето во 6 реда :)

Screenshot_1

Да, Марјан Стојановски (we blame you for this, Netcetera team! :) и мачки со dollar signs што играат во диско, you get the point :)

Тешко е да се напише постов само ден после роденденот бидејќи:

  1. Уште не сме се ни виделе да си раскажеме кој како си поминал :)
  2. Уште не сме ги спакувале сите емоции на купче
  3. Уште сме под импресии на тоа колку многу и колку прекрасни луѓе се собраа на едно место
  4. Излезе нова сезона на House of Cards и уште се немаме наспано… :))

Тоа што можеме да ви кажеме ден подоцна е само едно ОГРОМНО ФАЛА!

Што ни го сакате блогот, што го правите лежерното Скопје најубаво на свет, што доаѓате во толкав број што стварно веќе немаме појма каде да правиме роденден, што ни покажувате дека едно линкче на интернет значи безброј другарства офлајн :)

Се надеваме дека ќе ви се допаднат фотките исто толку колку што ние уживавме во роденденот :) Ве сакаме пуууно лежерни Скопјани, ФАЛА ВИ!

p.s. Сите фотки ве чекаат утре на Facebook :)

DSC_0925 DSC_0932 DSC_0960 DSC_0961 DSC_0963 DSC_0968 DSC_0976 DSC_0978 DSC_1069 DSC_1072 DSC_1079 DSC_1085 DSC_1172 DSC_1176 DSC_1191 DSC_1236

Facebook Comment



You may also like