30 дена Република Skopje Casual

Денес одбележуваме точно 1 месец откако Сандра, Ива и Калина се собраа во Piazza Liberta и се договорија да отворат фото блог за лежерна мода, инспирација и лежерни Скопјани.

Хронолошки:

1. Ива и Сандра се зазборуваа на Pinterest (и го избришаа доказот за раѓањето на идејата).

2. Ја натераа Калина да им се придружи на Твитер.

3. Првиот топол и сончев ден годинава пиеја заедно кафе и… одлуката падна!

Многу прекрасни работи се случија за овие 30 дена. Ангела и Симона отворија твитер профили, во лежерна љубов сме со Сотир, спонтано се поврзавме со твитерџии кои беа расположени за сликање, а бројките од analytics и mentions кажуваат дека нè сакате (a и ние вас!).

Чим поминаа 30 дена, време е и да кажеме „А што е тоa Skopje Casual бе?“. Нешто како Мисија, што ќе оди на посебна страница и ќе важи од сега па натаму, а го читате премиерно тука.

Skopje Casual го слави впечатокот на урбаност. Дел од скопските улици – кога ќе го најдеме, дел од Интернет улиците за да се инспирираме. Casual анти-фенси. Casual анти-кич. Casual анти-турбофолк. Casual as a state of mind. Casual не е само изглед, туку е и став. Микс на борбеност, одмереност и својственост. Тоа му го посакуваме на убавото и мило Скопје и сите Скопјани.

Не сме ниту некогаш ќе бидеме модни авторитети, задржуваме право да одиме со виклери по леб и со излижани тренерки до кај другарката на кафе.

Пишете ни ако сакате да учествувате во оваа приказна.

Среќен нека ни е првиот јубилеј од Република Skopje Casual!

Facebook Comment



You may also like