Го знаете македонскиот моден бренд Bella, така? Постојат од 1991 година, започнале како мало семејно студио, а денес веќе можат да се пофалат со многубројни колекции и компанија од 50 вработени. Прилично добро за македонска business casual линија за жени, нели? :)
Во изминатите четири сезони тие започнаа да објавуваат lookbook со цел да презентираат дел од нивните модели. Досега овие страници ги доразубавуваше Јана Стојановска, а сега тоа можете да бидете вие!
Bella заедно со Skopje Casual бара неколку храбри девојки кои ќе сакаат да се појават во нивниот најнов fans каталог!
Сите девојки над 18 години кои одговараат на критериумите на Bella (не се страшни, ветуваме), преку пријавување на оваа апликација добиваат шанса да станат дел од нивниот најнов каталог + свој посебен пост на skopjecasual.mk во комбинација од Bella која ние (Калина, Сандра и Ива Скопјекежуаловски) ќе им ја склопиме :) Фотосесијата ќе се одржи на 29ти јуни, во студио на професионален фотограф на Bella.
Формуларот за пријавување (заедно со критериумите за учество) можете да го најдете ТУКА, а за сите информации околу пријавувањето можете да се обратите на официјалната Facebook страница на Bella.
За сите наши машки читатели кои можеби ќе се најдат погодени од тоа што нема да може да се пријават за натпреварот (Медо, те молиме не добивај идеи), јавно ветуваме дека ќе се потрудиме да најдеме прилика во која ќе можеме да ја промовираме вашата заносна убавина (засега скржаво ќе си ја чуваме за нас :))