Интервју со Едо Маајка за лежерност, градови, ќебапи и музика

Го фативме на кратко Едо Маајка на Skopje Street Festival и го прашавме многу нешта: за сеќавањата од сите градови каде живеел, впечатоците за Скопје, лежерност и стил, ќебапи и музика :)

Израснат си во Брчко и во Тузла за да после се одлучиш за Загреб, па понатаму за Тел Авив. Што ти останува како спомен за секој град?

Луѓето ми се најдобар спомен од секој град. Јас никогаш не ни сонував дека ќе бидам во Загреб, а камоли во Тел Авив, кој знае кај ќе завршам. Тоа ме научи само да не го планирам мојот живот однапред, поинакви се плановите на судбината. Најголемото богатство што го носам се пријателите и врските кои ги носам од тие градови.

Што е твојот прв впечаток на Скопје и што ти е негов карактеристичен знак?

Тешко ми е да кажам што ми е прв впечаток на Скопје зашто многу го сакам, уште откако сум бил првпат пред многу години. Секогаш кога добивам покана за Скопје, едвај чекам да дојдам. Не е ова никакво подлажување, навистина така се чувствувам за Скопје.

А за Македонија, ајварите ви се добри, храната е генерално добра. Доматот ви е генијален, секоја храна е навистина добра. Ми се допаѓаат и луѓето затоа што се доста растеретени, сè е многу полежерно, доста сум поопуштен во Скопје отколку на други места.

image

Ќебапите се една нишка што ги поврзува Скопје, лежерноста и твојот Но Сикирики бар во Загреб. Дали е вистина дека ќебапите биле дел од менито?

Ах, јас никогаш немав ќебапи во тој локал, за жал. Тој локал го отворив одамна со еден пријател кој ми пријде “Ајде да отвориме кафана, ќе дојдеш ти, ќе дојдам јас” и после 2-3 години отстапив од тоа зашто слабо се вртев таму. А имав некое чувство дека морам да бидам таму, зашто тоа и мене ми припаѓаше, но јас едноставно не сакам толку кафани, не пијам многу и тоа го препуштив.

За жал ќебапчилница никогаш не отворив. Имав желба да отворам и да се вика Planet Cevap, тоа ми беше идеја неколку години. Но во последно време и не јадам ќебапи и сум ориентиран на некоја поздрава кујна.

Хип хопот носи со себе одреден стил на облекување. Колку ти е битен впечатокот и дали и тетоважите се твои лични приказни или став кој го соопштуваш на светот?

Тоа се мои лични приказни кои за жал уште ги немам довршено, оваа година се надевам ќе ги завршам. Ми ги прави еден пријател од Загреб и сè некако се разминуваме.

Мојот надворешен изглед ми е многу малку важен, навистина многу малку. Некогаш тоа луѓето то гледаат као „еј види го, клошар”  ама мене тоа навистина не ми е важно. Важна ми е долната облека, сериозно, сакам да имам добри гаќи :)

Сакам добри обувки, Ipath се вика марката, која веќе не постои за жал, ја затворија пред 4-5 години. Моите чевли се Ipath, така што се надевам дека на Ebay ќе најдам уште по некој пар. Освен некој посебен пар патики, другото не ми е многу важно.

Се облекувам casual, она „дај ми шта даш“. Маицава ми е купена на пазар во Австралија, ми се допадна и толку. Така што тоа сè ми е навистина неважно.

image

Мислиш ли дека добрата страна победува и дека клинците почнуваат да слушаат андерграунд и урбана музика, а не турбофолк?

Не мора тие да слушаат андерграунд музика. За жал кај нас на Балканот и поп и диско се андерграунд музика, народњаците се мејнстрим кај нас, тоа е едноставно така. Претходно се нервирав за ова, кога имав 20, баш ги мразев. А сега се научив да ги прифаќам тие луѓе, едноставно затоа што – кој сум јас да осудувам кој што слуша. Нека луѓето слушаат она од кое им е добро. Има голем број луѓе кои воопшто не ги интересира формата, излегуваат за да се напијат и добро да си поминат после стресна недела. Нека слушаат што сакаат ако тоа им го смалува стресот и ако во недела за понеделник се чувстваат подобро, јас сум и за турбофолк и за сè.

Facebook Comment



You may also like