Веќе добро знаете дека не сме некои големи модни зависници и следачи на најновите трендови од светските модни писти, но многу се радуваме кога се прави нешто што има за цел да ја развие македонската модна сцена. На 29-ти декември ја посетивме поп-ап продавницата со модели од неколку македонски модни дизајнери.
На покана од Маја Кироска, една од креаторите чии модели беа изложени, како и една од виновниците за поп-ап продавницата, погледнавме дел од одличните модели на Ludus Loves Fashion, Chic Undercowear на Бобан Илиевски и накитот на Капка дизајниран од Јана Ацевска и си направивме малку муабет за животот во Скопје.
На кратко кажано, поминавме супер. Поопширно, можете да погледнете на фотките подолу :)
Маја можете да ја контактирате на majakiroska[на]yahoo.com или на 078 30 30 74.
English translation at the end of the post.