Rouje dress

Ако барем на момент сте помислиле дека француската effortless шик девојка е мит, време е да се запознаете со овој бренд. Rouje е кеиран од една од нашите омилени (нормално, кежуал, не ми е гајле како изгледам ама изгледам совршено) французинки, Jeanne Damas. Брендот е најблиску што може да се дојде до материјализација на идејата за лежерната французинка – комбинација на панталони до над глужд, нежни, еднобојни маички, балетанки, марами и главната тема на овој муабет, фустани.

Мхм, баш оние фустани во кои си ги замислуваме французинките кога е претопло да се шетаат со беретка и марама околу врат. Лежерни, ненападни а истовремено тотално секси, без разлика дали се мини или капри, секој од нив си има свој посебен шарм.

Фустаните на Rouje ни даваат желба да пуштиме коса, облечеме балетанки и лебдиме на прсти по цели денови. Па затоа е летото, нели? :)

Rouje се достапни онлајн тука: https://www.rouje.com/ и ова не е платена реклама, само обид да донесеме нешто што нас ни се допаѓа да шета низ нашите улици :)

English translation at the end of the post.

Повеќе | More >