Search results

13 results found.

Фустанот | The Dress

Една од „Kежуалките“ неодамна кажа „да, да, да, не“ (не-роднини :Р) и првата помисла за одбележување на денот беше мала забава, а за носење – првото бело фустанче што ќе се најде по продавниците. Но кога ништо друго не е традиционално и една мајка ќе те праша претпазливо „не сакаш ни бел фустан?“ ќе се подзамислиш и ќе си речеш дека барем со тоа можеш да ѝ удоволиш :)

На брзина наполнив Пинтерест табла со инспирации, а идеите се вртеа околу француски свадбен фустанво бохо стил или едноставна комбинација на маичка и здолниште.

Првата помисла за тоа кој би имал сличен сензибилитет на мојот, залута кон Јована Филиповиќ и нејзината ланска колекција со свилени лелеави фустани.

По неколку посети на нејзиното студио, со искрени консултации и одлуки, дојдовме до конечниот избор – свилена бела маичка со ланче на гол грб како препознатлив детаљ од креациите на Јована; и здолниште со неколку слоеви – од бела свила и уште еден интересен материјал со бели и розовкасто-портокалови (праска :D) нијанси кој го заокружи целиот изглед.

Дискутиравме за тоа што најмногу ќе го отслика мојот карактер и дојдовме до „фустанот“ во кој маичката во иднина би можела да се комбинира со фармерки, а здолништето да се скрати до глужд за поинакви (балерина) комбинации… Зошто па да се прави фустан кој би се облекол само еднаш? :)

Свежо цвеќе во коса и едноставен накит беа единственото надополнување, а тоа како ги добив сандалите, пак, е сосема друга приказна и патешествие со заклучок дека кога сакате нешто ќе го свртите цел свет наопаку да ги добиете, нормално, со огромна помош на многу, многу пријатели :D

Неизмерно фала, Јована, за твојата трпеливост и љубов кон работата и на Twoo Clicks за прекрасните фотографии! ^_^

С.

English translation at the end of the post.

Повеќе | More >