Роберт Ивановски се претстави како последен дизајнер на третиот ревијален ден на Моден Викенд Скопје, со својата визија за сезоната пролет лето 2016.
На наше големо задоволство, овојпат видовме повеќе бои во изработката на Ивановски, вистинско пролетно освежување :) Главен мотив беше комбинацијата на бело и светло зелено, а абстрактните принтови изработени од младите сликари Бојан Ковски и Елена Чемерска, дојдоа како одличен ефект кој ги направи моделите уште попривлечни за носење. Миксот со проѕирен матерјал низ моделите го додаде очекуваниот потпис на Роберт.
Сè на сè, убава колекција за затворање на денот на #FWSK, одличната музика беше бонус уживање :)
English translation at the end of this post.