Втора модно блогерска средба! Време беше :) | Second fashion bloggers meetup! It was about time :)

Пред скоро три години во еден студен декемвриски ден организиравме еден од нашите до ден денес омилени кежуал настани – првата модно блогерска средба. Од тогаш помина навистина многу време, се јавија многу блогови, се направија многу соработки и што ни е најмило, модното блогерство во Македонија си дојде на едно убаво, значајно место во македонската блогосфера.

Веќе некое време ја чувствуваме потребата за нова средба од повеќе причини – сакаме да се видиме со девојките (да, за жал момците скоро и да ги нема :( на едно место, да се запознаеме со оние кои досега не сме имале можност да се сретнеме, да поразговараме за нашите искуства, да се изнасликаме и изнажуркаме :)

Токму затоа, се одлучивме оваа недела со старт во 13ч да ја организираме нашата втора модно блогерска средба :) Јејјеееее, време беше! :) Имаме изговор за убава дружба, за многу фотки и можност за соработка со нашите драги my:time за која ќе ви раскажеме повеќе на лице место :) Ни подготвија нешто мнооогу интересно, веруваме дека ќе ви се допадне :)

Ги молиме сите блогерки кои сакаат да се дружиме оваа недела да ни пратат свои контакт информации и линк до блогот на team@skopjecasual.mk најдоцна до петок (06.11) во 17ч. За сите кои се уште немате моден блог, ветуваме многу фотки! :)

English translation at the end of the post.

Повеќе | More >