Денес го поминавме денот во Јавна соба, каде годинава во соработка со МАТА (Македонската Артисанска Трговска Асоцијација) се одржува предновогодишен „Базар викенд“. Ѕирнавме во катчињата на 20 домашни мајстори – креативци кои ги претставуваат своите уникатни парчиња – накит, додатоци, украси за домот и разни ракотворби.
Покрај накитот на кои сме навикнати да го гледаме, ние си најдовме и интересни лампиони и новогодишни украси на попуст, а имаше доволно простор да си се напиеме и кафе и чај :)
Базарот се одржува денес и утре во Јавна соба, со почеток од 10:00 до 21:00 часот.
Во случај да не можете да го посетите а сте љубители на рачни изработки, следниот викенд имате уште една можност да го посетите 12-то издание на КрафтАрт Фест во хотел Арка :)
English translation at the end of the post.
Today we spent the whole day in Public room, where together with MATA ( Macedonian Artisan Trade Association) they’ve organized the pre-New Year’s “Bazaar Weekend”. We peeked in the work of 20 domestic craftsmen – artists who presented their own unique pieces of jewelry, accessories, home decoration and various hand-made creations.
Besides the jewelry we’re used to see, we found interesting Christmas decorations which were discounted, and afterwards there was enough room to enjoy a cup of coffee and tea :)
The Bazaar will be open today and tomorrow from 10am to 9pm.
And in case you can’t make it and you are a fan of craft-work, you’ll have another chance to visit the 12-th edition of the CraftArt Fest in hotel Arka next weekend! :)