Вчера се одржа 5-то издание на „Неделата на дизајн“ во Скопје, како што најавивме – на новата локација во Јавна Соба.
Иако со малку поразличен сензибилитет од досегашните изданија во Куршумли Ан, сепак Јавна Соба беше достојна замена – со доволно простор за да ги собере сите изложени дизајни и фин индустриски амбиент исполнет со џез и расположени луѓе.
Почнувајќи од првиот кат, по скалите беа изредени стрипови од Стрип Центарот од Велес, а на горниот дел од скалите нè пресретна мултимедијален ѕид кој пушташе музика при приближување со најава за новиот – Добар проект со цел на заедничко финансирање (crowd funding) на млади таленти. Понатаму сретнавме од дизајн на мебел, до моден дизајн со студентите од Европски Универзитет, интересно спакуваната козметика „за бради“ – Kissable, мебелот на We are nature, столчиња со традиционални мотиви, креденчиња со уши и носеви, мали перничиња – птици со долги нозе, бевмевоодушевени од реставрираните дизајни на Urban Old кои го враќаат духот на стариот мебел, а неизбежни беа и фотографиите кои ги разубавуваат ѕидовите на целиот простор. Во концептуалната продавница која е отворена и надвор од овој настан, видовме од познатите дизајни на Лудус, како и Linija, handcrafts4u, Armarium, и други, а од другите области и интересни столчиња и лампи.
Сепак, можеби најубавиот дел беше таванот населен со Young Balkan Designers кој нè однесе во друга димензија со автентичниот мирис на дрво – во некоја стара куќа полна со спомени. Погледнавме од интересни лампи и лустери, до пожарникарска јакна измешана со традиционални мотиви, стари предмети како разбој и лејки, модерни столчиња, печати за колачи, дрвени играчки за деца, интересни везови на перничиња и блузони во старински стил со „пиксел“ уметност, па и „изум“ од 2 хартиени кеси за практично грицкање семки :)
Потоа назад на приземјето, се сретнавме со уште некои интересни парчиња мебел, дизајн на плочки, неколку интересни штандови на нашите портали кои се занимаваат со дизајн – Design.mk и Divianarts, еко-хартија и штандот на Виталија. Патем ѕирнавме и во собата за прототипи која е отворена за сите дизајнери кои сакаат да направат примерок од сопствениот дизајн.
Skopje Design Week ќе биде отворено до недела, тркнете да се запознаете!
English translation at the end of the post.
Yesterday was the opening of the 5th edition of “Design Week” in Skopje, as announced – on the new location in the Public Room .
Although slightly different sensibility from the previous releases in Kursumli An, Public Room was a suitable replacement – with enough room to fit all display designs and fine industrial setting filled with jazz and enthusiastic crowds.
Starting from the first floor, the stairs listed comics from Comic Center from Veles and the top of the stairs we were met with a multimedia wall that play music when approaching a prelude to the new – Good project purpose of joint financing (crowd funding) of young talents. Furthermore we met the design of furniture to fashion design students from the European University, interestingly packaged cosmetics “for beards”- Kissable, the furniture by We Are Nature, chairs with traditional motifs, firtniture with ears and noses, small pillows – birds with long legs, we were amazed by the restored designs by Urban Old that back the spirit of old furniture, and unavoidable were the photographs that embellish the walls of the entire space. At the conceptual store which is open even out of this event, we saw the familiar designs by Ludus , and Linija, handcrafts4u, Armarium, and from the other areas of interest chairs and lamps as well.
However, perhaps the most beautiful part was the attic which was inhabited by Young Balkan Designers and takes you into another dimension with the authentic smell of wood – in an old house full of memories. We could see interesting lamps and chandeliers, the bomber jacket mixed with traditional motifs, old items such as loom and gourds, modern chairs, cookie stamps, wooden toys for children, interesting embroidery on pillows and jackets in antique style with “pixel” art, even an “invention” of 2 paper bags for convenient seeds nibbling :)
Then back on the ground floor, we met up with some interesting pieces of furniture, patterned tiles, several interesting stands of our portals dealing with design – Design.mk and Divianarts , eco-paper and a Vitalia stand. We also peeked in the prototyping room which is open to all designers who want to make a sample of her own design.
Skopje Design Week will be open until Sunday, go and see it for yourself!