Ладно време, свежо испеглани комбинации на закачалка, маскара, батерии на телефоните и апаратите, бараме инспирација на пистите, спремни сме за дванаесетото издание на Fashion Weekend Skopje!
Оваа година темата е културно наследнство, а отворањето почна од најмладите: изложба на студентите од ЕУРМ, поддржани од Британски Совет под метрорство на доц. м-р. Гордана Вренцоска. Насловот на изложбата е “Свадбени приказни”, обработува наши мотиви од културното наследство, обработени модерно, а изложени со делови од поставките на Музеј на Македонија во традиционален стил.Одличен младешки почеток, честитки на сите! Со нетрпение очекуваме да почне нов ревијален ден :)
Заради објективни причини за отсуство, првите денови нашите пријатели од RevoShot го преземаат Skopje Casual зад објективот!
English translation at the end of this post.