Search results

149 results found.

Lidiya Georgieva AW14/15 @ FWSK

Затворањето на четвртиот ден на Модниот викенд ѝ беше доделено на Лидија Георгиева со најновата колекција “The colonial spices collection”.

Колекцијата е инспирирана од аромите на егзотичните зачини како симбол на мешањето на културите помеѓу Европа и Истокот, „зачинета“ и со доза шмек од модата од 20-те години и малку рокенрол, како што самата вели, а ние веќе јасно го препознаваме нејзниот стил проткаен низ многуте детали на кои е посветено огромно внимание. Всушност, посветеноста на деталите ја забележавме и утрото кога случајно присуствувавме на пробата на балерините кои со интересна кореографија соодветна на темата ја отворија нејзината ревија.

Сепак, во наш стил, фаворити ни се сукњата со реси со индијански шмек и белото фустанче кое ја отвори ревијата :)

Колекцијата исто така беше претставена на Белградската модна недела на 23 октомври како дел од проектот „Зона 45“ за размена на дизајнери од регионот.

English translation at the end of the post.

Повеќе | More >
1 3 4 5 6 7 17