Ако некогаш сме можеле да кажеме дека некоја средба остварена преку блогот е „serendipity“, тоа дефинитивно може да го кажеме за нашето запознавање со Христина :) Сосема случајно ја сретнавме во City Mall за време на #casualweek, трчавме по неа и другарка ѝ затоа што ни беа облечени баш „по наш вкус“, и на наша голема радост ни дозволија да ги сликнеме. Потоа се сретнавме на изложбата на f.ckinfine, па си се најдовме на Instagram, на Facebook, за конечно оваа сабота да се договориме и да ја сликнеме во нов, специјално посветен на неа пост (и ние не знаеме зошто ни требаше толку долго време за ова :))
Се сликавме во парк на отприлика 40 степени, како мала инспирација ни беше постот со тексас шорцеви (шорцевите од фотките подолу ги има направено самата :) но дефинитивно не можевме да издвоиме само една инспирација за нејзиниот стил.
Психолог, радио водителка, супер лежерна и насмеана, Христина ни е дефиниција за casual девојка, баш таква каква што би сакале да гледаме во што поголем број на скопските улици! :)
English translation at the end of the post.