Шведски дизајн на попуст – соработка со брендот Daniel Wellington! | Swedish watch design on discount with Daniel Wellington!

Замислете ни ја реакцијата кога добивме мејл од претставник на шведскиот бренд на часовници Daniel Wellington, кои беа расположени за соработка со нас!?

Една од причините поради кои го направивме блогот, од првиот момент кога седнавме заедно на маса, беше да се инспирираме себеси во врска со она што го носиме на себе, почнувајќи со следење и објавување на инспирации од повеќе светски блогови.

Кога прв пат го видов овој часовник на блогот Stylescrapbook пред година дена, се заљубив во минималистичкиот дизајн кој како стил ме следи од професионалната работа, до дизајнот на домот, а најмногу во начинот на кој се облекувам секојдневно.

Во тој период веќе ја почнавме соработката со My:time и бев навлечена на дизајни на рачни часовници…

Се разбира дека не ни се веруваше на очите! По размена на неколку пораки, еден часовник веќе беше на пат за Македонија, а ние го поминавме денот со кренати веѓи и подотворена уста!

Свесни сме дека многу од вас можеби само ќе го пролистаат овој блог пост, ама часовников е доказ дека кога нешто сакаш доволно многу, (малку повеќе) ќе се скршиш од работа и на крај ќе го добиеш, на еден или друг начин :)

Како специјална предновогодишна соработка помеѓу нас и Daniel Wellington, ви овозможуваме да си нарачате некој од моделите на веб сајтот www.danielwellington.com со 15% попуст со внесување на специјалниот код „holiday-skopjecasualи да си дозволите еден прекрасен шведски класичен подарок за новогодишните празници!

Мојот избор падна на класичниот модел Classic Bristol Lady во розе-злато боја со темно-кафено кожно ремче. Ах.

С.

English translation at the end of the post.

image

image

image

image

image

Could you imagine our reaction to an e-mail by a representative of the Swedish watch brand Daniel Wellington, who were in the mood to collaborate with us!?

One of the reasons we first started the blog, from the first moment we sat together, was to inspire ourselves about what we were wearing, kicking off with following and publishing inspirations from numerous blogs from all around the world.

When I first saw this watch on the Stylescrapbook blog about a year ago, I fell in love with the minimal design that follows me throughout my professional work up to the design of my home,  but mostly reflects the way I dress.

In that period we’ve already begun our collaboration with My:time and I was already hooked on watch designs…

Of course, we couldn’t believe our eyes! After the exchange of couple of messages, one of the watches was already on the way to Macedonia, and we remained with raised eyebrows and open mouths the whole day!

We’re aware that most of you might just scroll through this blog post, but this watch is a proof that if you want(love!) something bad enough, and you work (your ass off) you’ll eventually get it, one way or another :)

As a special holiday collaboration between us and Daniel Wellington, we provide the opportunity to order one of the designs on the website  www.danielwellington.com with a 15% discount by entering the special code “holiday-skopjecasual“. Allow yourselves a beautiful Swedish classic gift for this holiday season!

My choice was the timeless model Classic Bristol Lady in rose golf with dark brown leather wristband. Sigh.

S.

Facebook Comment



You may also like