Во светот на патиките: Snkrcity | In the world of sneakers: Snkrcity

Не толку одамна дознавме дека не само што има многу љубители на патики како нас, има сосема ново ниво на љубители на патики во градов – пасионирани колекционери од сите возрасти и „професии“ :)

Од една обична група за да се пребројат фановите и колекционерите, Footnotes стана заедница од 2000 членови, од кои 1000 се колекционери, а стотина се навистина „забегани“ колекционери и следачи на историјата и новитетите кај патиките :) Најново од нив е и вебсајтот Сникер Сити (Snkrcity)фејсбук страна] каде се објавува сè од полето поврзано со дизајн, трендови и колекционерски занимливости поврзани со светот на патиките.

image

За да не биде пак интервјуто преку жица, овој пат се запознавме со Кире, Марко, Андреј, Никола и Иван кои интензивно и пасионирано зборуваат за нивната љубов кон ретро патиките, уникатите за кои патуваат и поминуваат многу пречки да ги нарачаат и добијат, за црно-белиот дизајн како симбол на совршенство за нив (и тепачката на „црн петок“ околу моделот на Џорданки Concord 11 кој Марко сепак успеал да го добие), дека „собираат“ патики дури и за нивните девојки (среќнички!), па и проблемите кои си ги навлекуваат со родителите поради нивната пасија без крај :)

Од нашите „сникерхедс“ дознавме дека најпродавани патики се класичните бели Nike Air Force 1, најбарани се ретро моделите и Џорданките (океј, тоа беше љубов дури и од нашето време :Р), а класичните „старки“ се пар кој секој колекционер може да си ги дозволи и мора да ги има!

На средбата покрај облечените парови, ни донесоа само неколку други фотогенични пара, а другите кои ги имаат дома (некои имаат дури и над 40 пара!) сепак ќе ги гледаме само на слики.

Еден од „ритуалите“ после секое носење обавезно се чистат темелно за да ги одржуваат што подолго во нивниот првобитен сјај, до толку што успеале и сами да состават средство за чистење имитирајќи го составот на средствата набавени од странство… Ветуваат дека наскоро ќе ни кажат повеќе за тоа :)

Ако сте „сникерхед“, придружете им се во р’чкањето кој има поубави патики :) ако сакате да се изнагледате убави патики, кликнете тука.

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

Some time ago we found out that there are a lot of uber fans of sneakers like us, and there is a whole new level of sneaker fandom in this town – passionate collectors of all ages and trades!

From a regular Fаcebook group to count out the fans and collectors, Footnotes became a community of over 2000 members, out of which 1000 are collectors and 100 are the really high end collector and chroniclers of the history and current movement of news in the sneaker world.  The latest news from them is the Најново од нив е и website (Snkrcity) [and Facebook page] where everything from the design trends and trivia will be published.

This time we met in person with Kire, Marko, Andrej, Nikola and Ivan and they intensely and passionately spoke of their love for retro sneakers, the uniques for which they travel and pass hurdles to get, for the black anc white as a hallmark for perfection (and the Black Friday fight for Jordans  Concord 11 that Marko got to order), that they pass on the collection buzz to their girlfriends (lucky ladies!) and even their problems with parents as the passion burns!

From our sneakerheads we found out that the bestsellers in sneakers are the classic white Nike Air Force 1, the most wanted are the retro models of the Jordans (okay, we remember this from childhood) and the classic „allstars“ are a pair that every collector can afford and are a must.

Apart from the wearables, they brought a few cases of photogenic pairs, chosen between many hey hold at home. Some have over 40 pairs at home.

One of the rituals after each wear is the thorough cleaning to maintain as long as possible in the original glow. They want to someday have their own cleaning product that is based on the experience of the ingredients of the   solutions they buy abroad. hey promise to tell us more about that soon!

If you a sneakerhead, join them in the talk of who has the best sneakers :)

Facebook Comment



You may also like