Многу се радуваме дека имавме можност предновогодишно да доделиме многу подароци и попусти што и нам многу ни се допаѓаат! :)
Најубавите желби кои беа посакани под оваа ѕвезда, беа одбрани од страна на ѕвездените дизајнерки Ирина и Нина:
1. Љупка Караџовска – подарок марама од колекцијата „Месиер 45“
„Кога паѓа ѕвезда, мојата желба е да паднат многу ѕвезди! Доволно ѕвезди за да нема неисполнети желби.“
2. Александра Азманова – подарок дизајнирана чаша со ѕвездени мотиви
„Кога паѓа ѕвезда, мојата желба е таа ѕвезда да ја фатам во една тегла, да ја завиткам со огромна машна и да ја подарам на една посебна, прекрасна личност. #љубов “
3. Марија Панова – подарок чоколадо во слатко пакување
„Кога паѓа ѕвезда, мојата желба е многу бестселери во домашната библиотека!“
Девојки ви честитаме и на сите кои учествувавте ви посакуваме желбите да ви се исполнат! :)
Попустот на колекцијата Месиер 45 трае до утре, па пишете им на Ирина или на Нина и побрзајте да си се подновите за новогодишната ноќ!