Да зборуваме за козметика | Let’s talk about cosmetics

Веројатно веќе многу добро знаете дека не сме некои гооолеми фанови на шминка. Лежерниот стил ни овозможува да сме задоволни со малку пудра, маскара и понекое “cat eye”, па затоа многу ретко на Skopje Casual пишуваме за шминкањето.

Да не беше блогот, веројатно и немаше да дознаеме за Dr.Hauschka, бренд за органска козметика, на чија промоција бевме поканети минатата среда во Concept 37. Настанот под име „Природна, беспрекорна јас, без сокривање на мојата личност“ имаше за цел да нѐ запознае со Dr.Hauschka и да го презентира новиот производ – течни пудри со органско потекло.

Дознавме дека Dr.Hauschka е еден од ретките козметички брендови кои покрај убавиот изглед се грижат и за вистинска нега и одржување на кожата, ги испробавме новите пудри, поразговаравме со останатите гости и си добивме нова тема за разговор на блог – органска козметика :)

Споделете ги со нас вашите искуства за козметиката која ја користите :) Сте ги пробале ли производите на Dr.Haushcka? Чекаме коментарчиња :*

English translation at the end of the post.

engagemk (7 of 48) engagemk (32 of 48) engagemk (33 of 48) engagemk (35 of 48) engagemk (38 of 48) engagemk (40 of 48) engagemk (3 of 48)

You probably already know that we’re not some biiig make up fans. Our casual style allows us to go by with a little powder, some mascara and the occasional “cat eye”, thus the rare posts about make up on Skopje Casual.

If it wasn’t for our blog, we probably wouldn’t have found out about Да не беше Dr.Hauschka, an organic cosmetics brand, whose event we attended last Wednesday at Concept 37. The event named “Natural, flawless me, without hiding my personalty” had the goal of introducing Dr.Hauschka and presenting the new product – organic liquid powder.

We learned that Dr.Hauschka is one of the rare cosmetics brands that really put a stress on skin health besides beauty, we tested the new powders, chatted with the other guests and found a new interesting topic for our blog – organic cosmetics :)

Share your experience with us in the comments below :) What type of cosmetics do you use? Have you tried Dr.Hauschka? We’re waiting for your comments :*

Facebook Comment



You may also like