Добитници на подароците од Фигура! | Figura giveaway winners!

Во понеделникот ја објавивме нашата соработка со Фигура – новиот македонски бренд за уникатен 3Д принтан накит и побаравме од вас да си одберете кое ланче најмногу ви се допаѓа со оставање на коментар под сликата…

Ги собравме сите 140 коментари, ги поделивме според вашите желби (да, многу сакаме ексели ако не сме спомнале до сега :Р) и пуштивме рандом генератор да ги одбере најсреќните :)

Добитничките се: Сања Станковиќ (кругот), Ана Ристовска (правоаголникот) и Александра Младеновска (шестоаголникот)!

Честитки девојки, ве чекаме вечер на роденден да ни се пријавите за да ви ги доделиме ланчињата, а доколку не сте во можност пишете ни порака или мејл на team@skopjecasual.mk за да се договориме кога да ви ги предадеме ;)

Останатите, не се разочарувајте, може да си ги нарачате истите или други фигури по ваша желба директно на Facebook страната на Фигура ;)

giveaway-results

Facebook Comment



You may also like