9 причини зошто треба да одите на Скопје Постер фестивал | 9 reasons to visit Skopje Poster Festival

Да, и ние се осмеливме да напишеме пост со точки и набројувања. Да, не се работи за моден настан, но, се работи за нешто што се прави со многу љубов и посветеност, а тоа е секогаш „ин“ за нас :)

Затоа, 9те причини зошто треба да одите на деветтото издание на Скопје Постер се тука:

  1. Скопје Постер е првиот дизајн настан за студенти со “no fee policy”. Значи, баш вистински отворен за сите.
  2. На 21ви ноември се случува отворањето на кое ќе бидат прикажани постери на учесниците во студентскиот конкурс за плакат „Криза на идентитет“. На темата работеа млади дизајнери од целиот свет. Нови сили, нова енергија, дела кои вреди да се погледнат :)
  3. Влезот на отворањето е бесплатен, како што велат организаторите потребно е да си понесете само насмевки :)
  4. Скопје Постер е еден од ретките настани на кои се обработуваат теми како „Моќ наспроти сиромаштија“, „Сите за луѓе со хендикеп“, „ЕкоЛогика“… Теми значајни за нас и нашето секојдневие, кои многу ретко се спомнуваат во јавноста.
  5. Скопје Постер е организиран од истите луѓе кои во Скопје ни ги донесоа Мирко Илиќ, Давор Брукета и Славимир Стојановиќ Футро. ’nuff said
  6. Покрај постерите на учесниците, на отворањето на 21ви, ќе бидат изложени и делата на членовите на жирито, искусните дизајнери Фин Нигаардс, Фонс Хикман, Мижел Буве, Ришард Каја, Тони Васиќ.
  7. Во склоп на Скопје Постер покрај настанот за отворањето ве чекаат уште неколку супер работилници и презентации кои ќе бидат одржани од страна на членовите на жирито. За да дознаете повеќе за нив  (уште можете да се пријавите! :)) кликнете тука: http://skopjeposter.com/mk/nastani/
  8. Уште причини? Погледнете ја програмата :)

2016-01

9. На едно место ќе се собере еден куп позитивна, креативна енергија. Скопје ни е поубави со вакви настани, ајде заедно да ги поддржиме :) Се гледаме! :)

 

Yes, we also dared to write a post filled with “bullets”. Yes, it’s not a fashion event, but, it’s something that is done wit a lot of love and dedication, and that is always “in” for us :)

Sooo, here are the 9 reasons why we believe you should visit the 9th edition of Skopje Poster:

  1. Skopje Poster is the first design event dedicated to students with a no fee policy. So, it’s really opened for everyone.
  2. On the opening event on the 21st November you will get the chance to see the posters from all participants of the competition “Identity in Crisis”. Young designers from all over the world took part in this competition, so fresh ideas, fresh energy, we’re sure you’ll like what you see :)
  3. The entrance for the opening is free, the organizers say you just need to bring your smiles :)
  4. Skopje Poster is one of the rare events where designers work on themes such as “Power vs. Poverty”, “Enabled for Disabled”, “EcoLogic”…Themes that are important for us and our community, but rarely talked about in the media.
  5. Skopje Poster is organized by the same people who brought Mirko Ilic, Davor Bruketa and Slavimir Stojanovic Futro to Skopje. ’nuff said.
  6. Besides the posters from the competition contestants, on the opening on the 21st we will get the chance to see the works of the experienced designers Finn Nygaard, Fons Hickmann, Michel Bouvet, Ryszard Kaja and Toni Vasikj.
  7. Besides the opening event, you can be a part of great workshops and presentations held by the jury members. To learn more about them, click here: http://skopjeposter.com/mk/nastani/
  8. You need more reasons? Check out the event program above :)
  9. In one place we will gather tons of positive, creative energy. Skopje gets better and better with these kinds of events, let’s support them together :) See you! :)
Facebook Comment



You may also like