Casual Social Media Day :)

Оваа сабота го прославивме првиот официјален ден на социјалните медиуми во Македонија. По повод овој голем празник, покрај скопската ви ги претставуваме и прилепската, тетовската и кумановската лежерна мода :)

*Големо фала на @cchevymk и @365.com.mk за фотките. Позајмивме по една и од @olivermk и @Lacialec, се надеваме нема да ни се лутат :)

Почнуваме со главните скопски хипстери:

По пат дознавме дека во Битола нема Bitola Casual, има само Битола. Еве еден битолски фенси шменси доказ :)

По пат имавме special guest star appearance на @i999y. Од што е толку голема ѕвезда не успеавме да му се приближиме, ама битно е дека имаме доказ дека сме го виделе и во живо.

Прва дестинација на Social Media Day беше Прилеп. Со задоволство ви ја претставуваме главната дама и дел од момците од Prilep Casual :)

По Прилеп, бевме во Тетово. Дознавме дека таму е модерно да се носат шеширчиња и патики со шарени врвки.

Последна станица ни беше Куманово. Таму се носат многу хипстерски наочари…И го има @krojanbojan :)

Се надеваме дека ќе има уште многу прилики да споделиме фотки од лежерната мода и од другите градови (и да, знаеме дека блогот ни се вика Skopje Casual, да :)).

п.с. Фотографиите се дел од поголема галерија која можете да ја најдете тука.

п.п.с. Не знаеме дали приметивте, ама има еден „моден детаљ“ кој е во големи количини застапен во сите градови. :)

Facebook Comment



You may also like