Вело Кафе | Velo Cafѐ

Скоро секој викенд сме во парк и скоро секој од нив го почнуваме со прекрасното кафе од уникатниот штанд на велосипед – Вело Кафе, кое дефинитивно ни го разубавува денот! Лани сред зима, сфативме дека немаат намера да се откажат од ставање насмевка на луѓето кои одлучиле да се прошетаат во најубавото катче природа во Скопје и во постудените временски услови. Чести поддржувачи се и на иницијативата НаТочак, а кај нив може да си најдете и супер дизајнирани маички со хуманитарна цел.

Неодамна поразговаравме со Дарко и пиевме кафе подготвено од Давид, штета што баш тој ден не успеавме да ги начекавме сите членови на веселата екипа. Ако не сте ги сретнале до сега, пуштаме најискрена препорака да ги искористите убавите есенско-зимски денови и да ги посетите во Градски Парк.

Како започна вашата приказна и колку луѓе се дел од неа?

Сѐ започна како другарско маалски муабет „а зашто тука немаме вакви убави работи?” и после 6 месеци од муабетот започна нашата убава приказна која ја крстивме Вело Кафе. Во тимот покрај Дики и Дарко, другарите кои се договорија да направат некоја убава работа =) ,трет член е Давид кој е веќе подолго време дел од тимот, а тука се и новајлиите Никола и Филип и нашиот повремен член Пики. Како дел од тимот мора да ги спомнам и нашите графички дизајнери Андреа и Мика и секако пријатели кои секогаш беа покрај нас и нѐ поддржуваа безусловно.

Сите сте нешто друго по професија, но одлучивте да бидете вело-баристи, како дојде до тоа?

Едноставно фидбекот што го добиваш кога на некој ќе му започне денот со кафето и муабетот кој ти си му го направил е бесценет.

Што ви е најголем предизвик во работата?

Најголем предизвик ни е да работиме кога има најави за дожд =) , се шалам , постојано да сме иновативни да сме први и уникатни.

Што ве инспирира во Скопје?

Прошетка низ парк.

Што за вас значи „кежуал”?

Да се чувствуваш удобно и опуштено.

Зошто одлучивте главната „станица” да ви биде Градскиот парк и што ве мотивира постојано да сте излезени надвор?

Градски парк и прошетка во него е една прекрасна древна градска култура, каде луѓето се секогаш позитивни и расположени и токму тоа нѐ мотивира секој ден да сме таму дури и кога временските услови се неповолни, знаеме дека ќе има барем еден од нашите редовни муштерии на кого ќе му треба кафе.

Омилено место во Скопје, покрај паркот? 

Водно, Матка, Скопска чаршија, Скопско Кале, МКЦ итн.

We visit the City Park in Skopje almost every weekend, and we begin each walk with the great coffee made by the unique stand attached to a bike – Velo Kafe. It definitely makes our day better! Last year, in the middle of winter we realized they have no intention of stopping to put a smile on the faces of casual passers, even in the coldest of conditions. They support intiatives such as NaTochak, and one more great thing they do is sell these awesome t-shirts for charity.

We got the chance to talk to Darko sipping a coffee made by David. Too bad the whole team wasn’t there at the time, but we had a great conversation which we’ll try to share with you :) If you haven’t met them so far, this is our warm recommendation, use what’s left of the autumn weekend days and visit them in the City Park.

How did your story begin and how many people are a part of it?

It all began as a friendly neighbors conversation “why don’t we have nice things like these in Skopje?”. Six months after this conversation, we began our lovely story that got the name Velo Kafe. In our team, besides Diki and Darko, the friends who began this concept :) we also have David who’s been a member of the team for a while now, and we have the newbies Nikola and Filip, and from time to time Piki also joins us. We also have to mention our graphic designers Andrea nad Mika, and also our friends who’ve been with us and supported us from the very beginning.

You all have something else as your main profession, but you decided to become velo-baristas. How did that happen?

Simply, the feedback that you get when someone begins the day with your coffee, and the chat you have preparing the coffee is priceless.

What is your biggest challenge with Velo Kafe?

The biggest challenge is to work when there is an announcement that it will rain :) Just kidding, the constant drive to be innovative, first and unique.

What inspires you in Skopje?

A walk through the park.

What does “casual” mean to you?

To feel comfortable and relaxed.

Why did you decide to have the City Park as your main station? What motivates you to be out all the time?

City Park and the walks in it are a wonderful, old tradition where people are always positive and relaxed. That is exactly what motivates us to be there every day even when the weather is bad, we know there will be at least one of our regular customers who will need coffee.

What is your favorite place in Skopje besides the park?

Vodno, Matka, The Old Bazaar, Kale Fortress, Youth Cultural Center etc.

Facebook Comment



You may also like