Скречови на винил а не пластика

Има три причини зошто го пишувам овој пост. Првата, Skopje Vinyl Convention – Centrala. Тоа „Centrala“ на крајот на името веднаш нè асоцира на Centrala.mk, еден од нашите омилени сајтови, место за баш вистински модерни луѓе, дечко на SkopjeCasual.mk :) и за мене, синоним за нешто квалитетно.
Втората, како новопечен сопственик на грамофон (фала Brand Union <3), имам за тема супер настан на кој ептен се радувам.
Третата причина за постов, човекот позади сето тоа, ако досега веќе не ви е познат како нашиот омилен DJ (ц,ц,ц кај сте биле на 3ти март изминатите 5 години по ред? :), тогаш сигурно ви е познат како еден од ретките луѓе кои со сè што прават се трудат да ни го направат Скопје поубаво :) DJ Гоце, главен и одговорен уредник на убавиот ноќен живот во нашиот град.

Ја продолжуваме серијата #casualtalks со главен повод Skopje Vinyl Convention + прилика да го замараме Гоце за плочи :)

Која е првата плоча што ја имаш купено?

Паметам дека првата плоча ја одбрав како подарок од дедо ми, бев 2 или 3то одделение, во Југотон кај Пеко, спроти кино култура (кој знае, знае:) Ја одбрав според каверот, излезе некоја метал плоча, Night Rider – нешто… ја имам уште некаде по подрумите :))

Каде се наоѓаат најдобрите плочи во Македонија?

Засега, настрана од уличните и Discogs дилери, единствена вистинска продавница, која има и плочи од „втора рака“ е Апотека во МКЦ.

Која е целта на Skopje Vinyl Convention?

Празник за сите винил мераклии! Можност за размена и набавка на нови и стари изданија, многу дружба и добра музика, информации околу новите македонски изданија, работилница за најмладите…

Што сè е планирано за Skopje Vinyl Convention?

Од 12-18 часот ќе имаме во холот на МКЦ повеќе од 20 изложувачи, ќе имаме посебно место за преслушување, ќе има 2 стејџа со 28 диџеи кои ќе не почестат со нивниот избор на винили во најразлични жанрови, ладни пијалоци и BBQ „стејџ“ а во склоп на Детскиот Креативен Центар, кој работи во МКЦ, ќе има отворена работилница по уметност, на тема винил, со Доротеј! Од 22 часот, во денсинг салата на МКЦ почнува и официјалната журка, салата ќе биде специјално средена да има старошколски диско момент, а се кулминира со хедлајнерите Marc Hype и Boca 45!

Другари, карти веќе можете да си купите со промо цени од 300 денари во претпродажба и 500 денари на самата журка. Се гледаме во сабота на целодневна уживанка! :)

 

 

 

Iva Dujak

Facebook Comment



You may also like