Ова е 11-та сезона и 8 годишен јубилеј за DIY унисекс етикетата на графичкиот дизајнер Горан
Костовски – ind.o.g. Пораката на оваа колекција е да не се откажуваме од работите кои
што ги сакаме без разлика колку и да се тешки и нема услови да се случат.
Субкултурата којашто секогаш била присутна па дури и во исчезнување, е вечна инспирација
за секоја нова сезона на Celebrate Life. Уживајте во прекрасните фотографии од бетонско Скопје, се чувствува мирисот на градот после дожд.
Фотосесијата е дело на Марко Монс со кој што Индог соработува последните години, а во
нејзе се појавуваат Диџејот Soul Case и Александра во уметничка дирекција на ind.o.g и
постпродукција на Марко Монс. Јубилејната лимитирана серија е во само 40 парчиња и oversized
маицата е спакувана во торба дизајнирана специјално за годишнината.
На кратко,ind.o.g порачува: Some people want it to happen, some wish it would happen, others make it happen.
Make it…
Celebrate life!