Инспирација: деведесеттите | Inspiration: The 90’s

Во споредба со шарените осумдесетти, деведесеттите ни носат многу помалку шаренило, но многу повеќе музичко влијание врз гардеробата. Неверојатниот подем на гранџот и хип хопот прават целиот свет да сака да покаже во која музичка екипа припаѓа, па така масовно се појавуваат комбинации на огромни, широки фармерки, „бомбер“ јакни, oversized блузони, долги, раскопчани карирани кошули и избелени фармерки.

Паралелно почнува да се надградува casual chic, особено со подемот на популарните серии како Beverly Hills 90210, кои почнуваат да ги поставуваат трендовите на поп културата за во 2000та веќе да го доживеат својот бум (секој од нас посакал да носи фустанче и мартинки како Дона од Bevery Hills, and that’s a fact! :D)

Која и варијанта да ви се допаѓа повеќе, едно е сигурно, деведесеттите се декада на тотален effortless cool! Која комбинација ќе ја одберете за нашиот осми роденден? Пишете ни во коментари. :)

Compared to the colorful eighties, the nineties bring much less color, but a lot more musical influence on clothing. The incredible rise of grunge and hip hop make the whole world want to show their music taste, and that leads to massive appearance of oversized, slouchy jeans, bomber jackets, oversized shirts, long, unbuttoned flannel shirts and bleached jeans.

We also see a rise in casual chic, especially with the rapid popularity of TV shows such as Beverly Hills 90210, which begin setting the standards for pop fashion, and the basis for the 2000′ fashion. (Everyone of us wished to wear a floral dress and Doc Martens’ just like Donna from Beverly Hills, and that’s a fact! :D)

Which ever nineties wave you choose, we can agree on one thing, the nineties are a decade of effortless cool!

What will you be wearing for our eighth birthday? Share in the comments :)

Facebook Comment



You may also like