Спонтано пролет(ни) | Spontaneous spring

Петтиот роденден ни помина, а нам уште не ни се верува дека поминале 5 години од првиот пат кога седнавме заедно и знаевме дека сакаме да направиме лежерен блог. И тогаш не знаевме што ќе се случува и на каде ќе одиме со блогот, а уште помалку знаевме што ќе ни се случи во приватните животи за толку време! Најбитно е дека се радуваме на журките и дружбата со старите и нови пријатели :)

А сега, сонцето конечно се појави и остана на подолг период, а ние преминавме на лесна јакна (со дебел џемпер кој може да ја елиминира јакната), чизмите конечно се заменети со патики, а на раката соодветно следува освежување од целосно бел гумиран часовник од брендот што нѐ повика да бидеме спонтано глупави во младоста – Diesel. И да, многу често носам кафеаво и црно заедно :Р

Моделот е – Double Down и можете да го најдете во my:time.

DSC_7155

DSC_7157

DSC_7161

DSC_7162

DSC_7165

Our fifth birthday passed, and we still can’t believe that it’s been 5 years since the first day we sat down and decided do make a casual blog. We had no idea where we would go where we would go with our blog, let alone our private lives in these 5 years!

And now, the sun is finally here to stay, and we switched to light jackets (with big sweaters underneath), replaced boots with sneakers and chose the watch that invited us to be spontaneously stupid in youth – Diesel. And yes, I often wear brown with black :P

The watch on the photos is Double Down and you can find it in my:time.

Sandra

Facebook Comment



You may also like