Skopje Casual turns 9!

Ако минатата година во март се мислевме дали е ок да славиме роденден и во последен момент се одлучивме да се организираме, оваа за жал од старт сме свесни дека деветтиот роденден на Skopje Casual ќе го прославиме од дома.

Бидејќи целата измината година сѐ е некако нестандардно и наопаку, одлучивме и за овој роденден да направиме нешто што е малку нестандардно за нас – да се дотераме :)

Не нѐ сфаќајте погрешно, сѐ уште лежерната мода за нас е на прво место, но по цела година поминати во тренерко-пижами си рековме барем за роденден да се почувствуваме малку поинаку. (Па и да си надоместиме што за седмиот роденден искачавме по пижами во град :) )

Затоа, ве повикуваме да ни пратите ваши фотки, да споделите на стори, на пост на кој ќе нѐ тагнете, каде и да ви е најубаво…Како би изгледале кога би можеле да славиме деветти супер дотерувачки (ама пак кежуал :)) роденден на Skopje Casual, а ние како и секоја година во меѓувреме ќе споделиме неколку постови со идеи до 3 Март.

Фала ви што сте со нас сите овие години и искрено се надеваме дека десетката ќе ја прославиме со многу гушкање и супер журка! :)

Facebook Comment



You may also like