ПОП! мода победници @ FWSK

Победниците на ПОП! мода, со право докажаа зошто токму тие се одбрани како најдобрите тројца. Трите колекции изобилуваа со креативност, ни понудија нешто поразлично и приредија вистинско уживање со нивните перформанси.

Прва беше прикажана линијата на Виктор Цветановски. Инспириран од архитектурата на Том Мајни, ентериерите на Заха Хадид и геометриските инсталациите на уметникот Естер Стокер, Виктор создаде слика за жената на иднината. Силна, модерна и женствена.

image

image

image

image

image

Следеше перформансот на Ана Камчева. Инспирирана од филмот “Gravity” Ана ни ја прикажа нејзината храбра жена, поигрувајќи си истовремено со пораките како “no gravity” и “no AI”.

image

image

image

Перформансот го затвори „Русалка“ на Алмир Мили поддржан од Di Biaggio New York. Комбинацијата на модерното и традиционалното инспирирано од старословенската култура ни даде слика вредна за паметење. Доминираше белата боја, комбинирана со проѕирни и лелеави материјали.

image

image

Facebook Comment



You may also like