Претпоследниот ревијален ден на Fashion Weekend Skopje беше отворен во Хорти Експерт гарден центарот со модниот бранч на MCouture на Мила Кадриу.
Самиот амбиент придонесе новата колекција на MCouture да ја доживееме во една прекрасна атмосфера, а моделите на колекцијата пролет-лето совршено ја надополнија цветната приказна.
Ревијата беше отворена со фустани со многу чипка, цветни дезени и нежни тонови, за потоа да премине во појаки бои, комбинации со пердуви и карнери. Беше вистинско уживање да се биде дел од модниот бранч на MCouture, се надеваме дека дел од атмосферата ќе можете да почувствувате од фотографиите подолу :)