Две години Skopje Casual!

752 постови, еден куп испиени кафиња и фоткања, 716 денови подоцна, многу многу многу ни е мило што можеме да споделиме со вас дека на 3 март славиме 2 години од првата средба од која се роди skopjecasual.mk.

Двете лежерни години сакаме да ги прославиме со сите вас во понеделник (3ти март) во Цреша. Дојдете заедно да шизиме во изборот на DJ Гоце, да пееме, да помуабетиме, да се смееме, да се сликаме и да се радуваме :)

Време: 21ч,

Локација: Бар Цреша

Дрес код: овошен*
*на себе боја од овошје, зелени во памет и црвени во образи. Зошто? Па заедно да го прославиме созревањето на Skopje Casual и влезот во третата година :)

Потврдете ни присуство тука: https://www.facebook.com/events/474507826004629/?previousaction=join&source=1

*Важна информација за сите посетители: Понеделничко журкање е најдобро журкање. Изговори за доцнење на работа/школо ќе ви бидат доставени.

Се гледаме <3

Facebook Comment



You may also like