Запознајте се со Footnotes :)

Сте ја забележале маичкава досега? :) Веројатно вашата прва реакција беше слична на нашата: како им текнало?! :) Сосема случајно успеавме да стапиме во контакт со дечките одговорни за овој дизајн, и откривме една многу поголема, убава приказна која се крие зад него.

Поразговаравме со Кире Ѓоргов, еден од членовите на групата Footnotes која ги обединува љубителите на патики и урбана мода во Скопје. Footnotes започнале со Facebook група на која разговарале за патики кои им се допаѓале и споделувале нивни фотки, продолжиле со изработка на маички кои би си ги носеле со омилените патики, а денес имаат и своја модна линија Footnotes Clothing Co.

Дознајте ја целата приказна од кусото интервју со Кире :)

Како започна приказната на Footnotes?

Footnotes започна од една мала идеја за споделување што всушност се носи на нога и како е тоа искомбинирано, и доведе до креирање на заедница во Македонија на љубители на патики и сл. Facebook групата во моментов има 1500 членови, со се’ поголем раст во последно време. Интересот за да се биде дел од нашата група/заедница расте се’ повеќе и повеќе.

image

Кои се „нај“ патиките во моментов?

Во моментов може да се издвојат два пара, и двата од Jordan брендот. Во светот прават голем бум и се многу барани. Тоа се Jordan 11 Concord Low – веројатно најзаслужните патики за таканаречените Sneakerhead заедници во светот, и Jordan 6 Carmine за кои после долго време (од 2000 година) се прави re-release. Ова се едни од најдобро конструираните патики од ерата на Michael Jordan.

image

Како дојдoвте до идеја да направите своја модна линија?

Идејата за модна линија дојде првично од потребата за комбинирање на добра маичка со добра патика :) Првите дизајни на некој начин беа поврзани со тип на патики и бои на модели. Бидејќи во Скопје и Македонија нема толку голем пазар за гардероба како во соседните држави, решивме малку да си го прошириме фокусот и да пробаме да направиме еден урбан бренд кој ќе биде прво македонски, второ, квалитетен и достапен за секого и трето, cool за носење. Во иднина планираме да развиеме бренд за машки и девојки кој ќе се фокусира на тоа што е во моментот тренди и cool а ќе биде со прифатлива цена за сите.

image

Маичките на Footnotes можете да ги нарачате на нивната Facebook страница: https://www.facebook.com/footnotesclothing :)

image

 

Facebook Comment



You may also like