Нашата дружба со Bastet Noir трае уште од нивниот почеток :) Oд тогаш заедно си растевме, си соработувавме и се радувавме на успесите :) Денес, имаме убав повод повторно да пишуваме за Bastet Noir.
Оваа среда, основачката на Bastet Noir, Даниела Милошевска ќе зборува за нејзиното искуство со Bastet Noir на настанот организиран од Startup Grind Skopje – светски најголема заедница за настани за стартапи, иноватори и претприемачи.
Дел од темите кои ќе бидат опфатени се Како да собереш храброст да започнеш? Како до првата продажба? Како да го брендираш стартапот? Како да ги преживееш првите две години водење стартап?
Идејата на настанот е да се поразговара на темата модни стартапи, да се споделат искуства и совети од искуствата на Bastet, веруваме дека ќе ви се допадне :)
Презентацијата ќе се одржи во просториите на co-working просторот Coffice (Мито Хаџи-Василев Јасмин, позади Јосип Броз Тито) од 18 до 21ч, оваа среда, 3 јуни. Картите по цена од 250 денари можете да ги резервирате на oфицијалната Startup Grind Skopje страница или да пишете на info@clearview.com.mk.
Се гледаме таму :)
English translation below.
Our friendship with Bastet Noir dates to their beginnings :) Since then, we grew together, we cooperated, and celebrated our successes :) Today, we have one more great reason to write about Bastet Noir.
This Wednesday, the founder of Bastet Noir, Daniela Miloshevska will talk about her experiences with Bastet Noir on the event organized by Startup Grind Skopje – the worlds largest community for startups, innovators and entrepreneurs.
Some of the subjects will be covered in her presentation are: How to gather the courage to begin? How to make your first sale? How to brand a startup? How to survive the first two years of your startup? The idea of the event is to talk about fashion startups, share experiences and advice, all in all, something we believe you’ll like :)
The presentation will take place in the co-working space Coffice (Mito Hadzivasilev Jasmin, behind Josip Broz Tito) from 6 – 9pm, on Wednesday, 3rd June. You can book your tickets (250 denars) on the official Startup Grind Skopje page, or info@clearview.com.mk
See you there :)