Три дена нѐ делат од почетокот на ревијалниот дел на единаесеттото по ред издание на Fashion Weekend Skopje, што може да значи само едно. Време е за подготовки :)
Следејќи си ја убавата традиција од минатата година, пред-модно-викендовски :) си се дружевме со my:time и Ирина Тошева која на наша голема радост ни дозволи да ѕирнеме во новата колекција.Фотнавме дел од материјалите и шарите кои ќе можете да ги видите за само неколку дена, и слободно можеме да ви ветиме дека ќе уживате во нејзиниот избор за пролет/лето 2015:)
Благодарение на my:time, на тројца среќни добитници ќе можеме да им овозможиме да ја погледнат ревијата на Ирина поддржана од my:time во живо, оваа сабота во катната гаража „Солунски конгрес“ на Кеј 13 ноември.
За да се пријавите за влезници, потребно е да го посетите сајтот www.mytime.mk, да одберете часовник или парче накит кое најмногу би сакале да го носите на Fashion Weekend Skopje и да го објавите во коментар под овој пост.Тројца пријавени по случаен избор ќе добијат влезници (една важи за двајца) за ревијата во сабота. Добитниците ќе ги објавиме во петок, 3 април, најдоцна до 19ч.
Се гледаме на моден викенд! :)
English translation at the end of the post.
We’re only 3 days away from the official beginning of the eleventh edition of Fashion Weekend Skopje, which can only mean one thing. Time for some preparations :)
Following the nice tradition from last year, we spent some time with my:time and Irina Tosheva, pre-fashion-weekendish :) We took a peak at the new collection, took some photos, and we can definitely promise you’ll enjoy it ;)
Thanks to my:time three lucky readers will be able to attend the spring/summer 2015 show this Saturday at the “Solunski Kongres” garage. In order to apply for tickets, you will need to go to www.mytime.mk, choose a watch or piece of jewelry that you would like to wear at Fashion Weekend Skopje, and share the link to the product as a comment under this post. Three lucky winners chosen with the help of random.org will get tickets (one ticket is for two people) for the show on Saturday. The winners will be announced on Friday (3rd April) latest by 7pm :)
See you at Fashion Weekend! :)