Доделување на награди и дебата организирана од Stylist.mk

Крајот на 9-то издание на Моден Викенд Скопје, минатиот петок по втор пат го заокружи организираната дебата и доделување на награди од страна на модниот портал Stylist.mk.

Им честитаме на добитниците – Лидија Георгиева за наградата за најдобра колекција за „The Touch“, која се заблагодари радосно бидејќи нејзината инспирација успеала да допре до публиката. Наградата за најнадежен дизајнер ја доби Оливера Штакоска за нејзината колекција Lace која нам сосема ни легна заради боемскиот стил :) За најдобра манекенка беше прогласена Моника Алексовска од „Подиум“, која оваа сезона докажа дека нема камера што не ја обожава.

image

image

image

image

image

Ја поздравуваме идејата на Stylist.mk за доделување на награди кои се изработени од домашни талентирани дизајнери – Александра Шекутковска, Јасмина Главинче и Глигор Кузмановски.

По доделувањето на наградите се одржа и дебата на тема „Оригинали и копии во македонската мода“, која ги разгоре страстите на засегнатите модни дизајнери. Поради проблемите со кој секој дизајнер се соочува, неколкупати се застрани од главната тема, но сепак се вртеше околу начинот на кој медиумите пренесуваат впечатоци за одредени дизајнери кои, според некои, не смеат да се промовираат на етаблиран настан како што е Модниот викенд Скопје. Некои од дизајнерите и директно се пожалија за копирање на нивните идеи, додека други застанати на страната на бизнисот, го застапуваа ставот дека нема некој од нас кој не носи копија од некој голем странски бренд и дека да не се копиите никој од нас нема да може да си дозволи купување на луксузни парчиња.

image

image

image

Мора да донесеме заклучок дека треба уште многу работа и пожртвуваност да се донесе модниот свет кај нас на малку повисоко ниво.

Facebook Comment



You may also like