Секоја нова сезона, една недела на Skopje Casual е комплетно посветена на Fashion Weekend Skopje. Деновите обично ни изгледаат вака: стануваме, одиме на работа до 17ч, се спремаме во рок од 15 мин (пола саат ако ни се погоди денот :), одиме на ревии од 18 до 23ч (или after party до 01ч), пишуваме текстови/средуваме фотки до 2-3ч наутро па истото одново утредента :)
Оваа година програмата на Fashion Weekend Skopje беше убаво склопена во три дена (од кои два беа викенд, јеи!) па можевме да си дозволиме малку порелаксирано шеткање и уживање и во ревиите и случувањата надвор од пистата.Овие фотки ги направивме на една од паузите на третиот ден, кога случајно решивме да прошетаме до штандот на my:time.
Изборот на часовникот беше прашање на секунди, од целиот штанд на my:time прв ми падна во очи овој Cerrutti 1881, па иако е машки модел,морав да го искористам барем да се сликнам. Погледнете повеќе за овој модел тука, а како си поминавме на Fashion Weekend SS15, можете да прочитате тука: http://skopjecasual.mk/tagged/fwsk
English translation at the end of the post.
Each new season we dedicate one week on Skopje Casual to Fashion Weekend Skopje. At that time our days usually look like this: we wake up, go to our day jobs until 5pm, have 15 minutes (or half an hour if we’re lucky:) to prepare, we go to shows from 6pm till 11 (or after parties till 1am), go back home, write posts/work on photos till 2-3am go to sleep, and start all over again at 8 in the morning :)
This year, to our great joy the program of Fashion Weekend Skopje was fitted nicely in three days (weekend, jei!) so we could spend our time more casually, enjoying the shows and following all events even outside the runway. We took these photos on one of our breaks on the third day, when we randomly decided to visit my:time’s stand.
The choice of the watch was only a matter of seconds, this Cerrutti 1881 stood out from all the others, so even though it was a men’s watch I just had to take a few photos. Learn more about this awesome watch here, and read more about our time on Fashion Weekend SS15 here