Дојде време за нашата втора соработка со mojagarderoba.mk! Нашите пријатели имаат нова функционалност со која може да креирате своја комбинација овде: http://mojagarderoba.mk/looks/. Ние бевме храбри и веќе креиравме една!
Правилата се следни: Креирајте профил и направете комбинација чиј наслов почнува со “Skopje Casual” и споделете ја во коментар на овој пост.
Трите коментари со најмногу “лајкови” ќе добијат еден од следните подароци: шумлива купка Think Pink, гел за туширање Happy Hippy и таблети за миење заби Sparkle, во партнерство со Lush.
Имате време до 10ти август, ви посакуваме среќа и многу лајкови!