ИМАМЕ НОООВ ДИЗАААЈН! Малку пред четвртиот роденден решивме да се поддотераме, па да ја почнеме новата година (сфативме дека сме завршиле средно, па сега се спремаме за факултет :)) со нов изглед на блогот :)
Првиот пат, искречивме само 100 дена од креирањето на блогот (да, тогаш уште броевме во денови :D) и сменивме некои ситници за кои сфативме дека не ни функционираат од самиот почеток. На почетокот го одбравме Tumblr како платформа бидејќи сакавме блогот да се базира на фотографии, но како што знаете понатаму почнавме и малку повеќе да пишуваме :)
Она што нè натера да му откажеме љубов и да мигрираме на сопствена платформа и WordPress базиран сајт беа неколку работи (идни блогери, внимавајте :)):
- Tumblr е многу сличен на Pinterest, се базира на фотографии/галерии и не е предвидено да има многу текст. Затоа бевме и ограничени на мали фотографии во текстуалните постови без разлика колку големи беа фотографиите оригинално. Исто така, нивната техничка поддршка нè игнорираше за ова барање, па… :)
- Бидејќи сепак сакавме малку поголеми фотографии, одлучивме да ги „линкаме“ од друга платформа (Google+ албуми) што исто така ни направи проблем бидејќи често знаат да бидат недостапни поради некои измени во привилегиите на самите линкови за споделување.
- Пресудно за одлуката беше тоа што на Tumblr одеднаш им текна минатово лето дека треба да вклучат кирилични карактери од насловите во самите линкови (url) на секој пост, па така постот со линк кој завршуваше со “post/123/redesigned” доби екстра карактери “post/123/искречивме-redesigned” и за жал таа измена беше направена ретроградно. Тоа значи дека преку 1200 постови од последните 4 години ги изгубија сите податоци за споделувања, лајкови и коментари… и повторно бевме игнорирани од техничката поддршка :)
- Другите причини отприлика ги има и во постот од пред 4 години :)
Она што го добивме сега како придобивка е:
- Jа искористивме можноста мааалку да редизајнираме :)
- Пребарување по сите можни текстуални податоци на сајтот (не само на тагови) – wohoo! :)
- Слобода во вметнувањето на големини на фотографии во текстуални постови и организација на истите
- Вметнавме и “Shop” дел во менито со нашата постоечка колекција за Bastet Noir, а во најава имаме уште неколку соработки, stay tuned! :)
- “Random” и “Related” постови од целата историја на блогот (наместо од последните 20 објавени, што беше ограничување на Tumblr) (постови од пред 4 години, emoing all over the place!)
- “Featured” постови на насловна страна со последните објави по категорија со наши фотографии
- Линковите од изминатата година ги вративме рачно, но некои од постарите постови можеби сè уште нема да изгледаат како што треба… но тоа е, ќе се обидуваме дел по дел да ги нагодуваме како што ќе ни се појавуваат. (ок, да признаеме, Сандра ги смени сите линкови, Ива и Калина беа презафаени со emoing all over the place за сите Random и Related постови што случајно се појавуваат на home page)
- skopjecasual.tumblr.com останува како наша мила архива, жал ни е само за промената за сите што нè следевте преку tumblr… ќе мора да најдете друг начин: Facebook, Twitter, Instagram, Pinterest, RSS feed…
…И можеби најбитното поради кое што сè ова беше иницирано – ќе имаме мобилна апликација! Им благодариме на дечките од Lynx.press кои ни помогнаа целосно да го мигрираме сајтот со сите барања и проблеми кои наидоа патем! :) Плагинот кои го развиваат дозволува било кој веб сајт базиран на WordPress да функционира истовремено и како мобилна апликација која може да се симне преку App/Play store :)
СИМНЕТЕ ЈА SKOPJE CASUAL АПЛИКАЦИЈАТА: iOS, Android (доаѓа за некој саат, најдоцна утре :).
Па, дечки… што викате? :)
—
WE HAVE A NEW DESIIIIIGN! A bit before our 4th birthday we decided to give our blog a face-lift, so we can start the new year with a new look (we just realized that we just finished high-school and we’re getting ready for college) :)
The first time, we redesigned in just 100 days from starting the blog (yup, we still counted the time in days back then :D) and we changed just some small things that we realized that didn’t work from the start. We chose Tumblr as a platform in the beginning because we wanted a photo-based blog, but as you already know, we stared writing a bit more further on :)
What made us leave Tumblr and migrate to our own platform and WordPress based site were a few things (future bloggers, read closely) :
- Tumblr is very similar to Pinterest, based on photos/galleries and is not supposed to have a lot of text. That is why we were limited to small photos in our text posts no matter how big the photos were initially. Also, their technical support ignored us a bunch of times regarding this issue, soo…:)
- Because we really wanted to have a bit bigger photos we decided to link them from a different platform (Google+ albums) which also turned out to be a problem because they are usually unavailable because of changes in the sharing links.
- One big step towards leaving Tumblr happened when they decided to introduce cyrilic characters in the titles of the URLs of each post,so each post instead of ending with “post/123/redesigned” got extra characters and turned into “post/123/искречивме-redesigned” unfortunately that change was made in retrograde. That means that over 1200 posts from the past 4 years lost the info on how many times they were shared, liked, all the comments…and technical support was not here for us again :/
- The other reasons are pretty much the same as in the post from 4 years ago :)
What we gained is:
- We used the opportunity to redesign a bit :)
- We now have search on every possible text on the site (not just tags) – woohooo! :)
- We have total freedom in choosing the size of photos in text posts and their organization
- We introduced a “shop” part in the menu, so you can easily get to and shop our capsule collection for Bastet Noir, and some new collaborations that are coming soon :)
- We got “Random” and “Related” posts from the whole history of the blog (instead of the last 20 that was dictated by Tumblr) (
- We have our own “Featured” posts on the home page sharing our latest posts
- Линковите од изминатата година ги вративме рачно, но некои од постарите постови можеби сè уште нема да изгледаат како што треба… но тоа е, ќе се обидуваме дел по дел да ги нагодуваме како што ќе ни се појавуваат.
- We turned back the links from the previous year by hand (ok, it was all Sandra, Kalina and Iva were too busy being way too emo when looking at the older posts from the “Random” and “Related” categories)
- skopjecasual.tumblr.com will stay online as our dear archive, we’re sorry for everyone who’s been following us on Tumblr, but we promise too keep you updated on: Facebook, Twitter, Instagram, Pinterest, RSS feed…
…And probably the most important thing that initialized all of this – we’re getting a mobile app! Тhanks to the awesome guys from Lynx.press who helped us completely migrate the site with all the issues that came along :) The plugin they’re developing allows any WordPress site to work at the same time as a mobile app that can be downloaded via App/Play store :)
GET YOUR SKOPJE CASUAL APP HERE: iOS, Android (coming in an hour or so, so very very sooon!)
So, guys and girls, what do you say? :)