Се сликнавме малку и минатата сабота на кафе во едно од старо-новите места во градов – Лондон. Главната причина – објектив за апаратот на Сандра кој моравме да го испробаме :)
Како што може да се види од приложеното, саботава Ива работеше на зближување на општина Аеродром и Центар, како права Центарка во сабота во град во тренерка. Калина се спремаше за шишање кога ги направивме фотките, така што ова се последни и ексклузивни фотки од Калина со стара фризура :)) Сандра нѐ изнаслика и паралелно договараше прослава на Нова Година за цела фирма. Multitasking at its best.
По пат зборевме за SQL бази и кодови, ама и за нови, убави работи кои наскоро ќе се случуваат на Skopje Casual :)
—
We took some more photos last Saturday while grabbing some coffee in one of the old-but-new places in the city named London. The main reason – lens for Sandra’s camera that we had to try out :)
As you can see, Iva, as a true uptown girl, was working on her apparel to bring together Aerodrom (the neighborhood where everyone wears Adidas sportswear) and Center (where everyone dresses up)! Kalina was getting prepared to cut her hair, so these are the last exclusive photos of her with her old haircut :)) Sandra took a bunch of photos and worked on arranging her company’s New Year party. Multitasking at its best.
Along the way we talked about SQL databases and scripts, but also about some new nice things that follow up on Skopje Casual :)