Милена ја запознавме при нашето организирање на Филмскиот Бутик, каде во соработка со Em Ellephantski ја претстави колекцијата од нивни дизајни на маички, кои исто така надополнети со беџови и фарбани ташни се најдоа и на еден од штандовите на Прво па женско.
Нејзиниот бренд АТАМИ, постои веќе година и пол, а деновиве конечно и се официјализира. Овој пат ви ја претставуваме нејзината соработка со Миљана од Gaya.
Тие заедно ги мешаат строгите минималистички кроеви, убавите, квалитетни материјали, ставајќи ги во една урбана, улично-романтична рамка. Нивната мини фото-сесија ја направи Zewlean Icarus (Димитар Апостолов) кој ја уловил атмосферата која сакале да биде пренесена преку колекцијата… среќнеење, хедонизирање, уживање во природата, сонцето и боите.
Дизајнирањето и изработката по мерка е составен дел од целата приказна, а Милена за колекцијата вели:
„Верувајќи дека модата е многу гласно изразно средство, кое невербално, најјасно збори за НАЈважното – за Личноста, се надеваме дека нашата облека и модни додатоци ќе најдат место во личните визуелни изјави на индивидуалците, оние кои знаат.
Всушност, нели тоа е најубавата и благородна работа на дизајнерот, да ја извади и потенцира личноста на клиентот. Кога личниот стил ќе се преведе на современ моден јазик – тоа е тоа! :)„
—
ATAMI – дизајнер Милена Атанасова
Контакт: studioatami@gmail.com / 071 858 875
Дизајнот на логото на АТАМИ е од Атанас Ботев.
—
English translation at the end of the post.
We met Milena when we organized our Film Boutique, where along with Em Ellephantski they presented their collections of ја претстави колекцијата од нивни t-shirt designs, badges and bags, also presented at Прво па женско.
Her brand ATAMI exists overy a year and a half and is coming to its offical presenation. We are presenting her colaboration with Miljana from Gaya.
They mix strict minimalistic tailoring with fine quality materials ans set them in an urben and street romance frame. Their mini photo session was made by Zewlean Icarus (Dimitar Apostolov) that caught the atmosphere of jappyness, hedonism, enjoying nature, sun & colors.
The design and tailor made is a part of the whole story and Milena says:
„Believing that fashion is a very loud expression that comminicates the personality nonverbally – we believe our clothes and accesories will find their place in the personal visual statements of the individuals, the ones in the know.
Actually, that is the most beautiful and noble job of the designer, to accentuate and extract the personality of the client. When the personal style is translated in to a modern fashion language – bingo!! :)„
—
ATAMI – designer Milena Atanasova
Contact: studioatami@gmail.com / 071 858 875
ATAMI’s logo is designed by Atanas Botev.