La Meraviglia & La Giveaway :)

Знаете ли како изгледа casual накит? Ние мислиме дека го пронајдовме одговорот :)

Тијана е супер девојка oд Македонија која во моментов живее во Белград која работи на развивање на името La Meraviglia. За себе вели дека е вљубена во хеклањето и ланчињата, а во тоа се уверивме кога за прв пат го отворивме нејзиниот блог http://lameraviglia.com/ :) Ни беше навистина драго кога наша заедничка пријателка ни направи кратко онлајн запознавање (we love u Tања :) а уште подраго кога се запознавме со Тијана и кога таа со нас ја сподели нејзината голема љубов кон хекланиот накит.

Прв пат со хеклање започнала на само осум години, а денес може да се пофали со огромен број на преубави хеклани парчиња накит. Комбинацијата на традиција и модерност, го прави овој накит впечатлив, необичен, а сепак лежерен :)

image

Големо задоволство ни е што кај нас можеме не само да ви претставиме дел од нив, туку и да ви доделиме едно од нејзините прекрасни дела :)

Во коментар под овој пост, пишете ни зошто токму вие би сакале да го добиете ова ланче, кликнете Like тука:  https://www.facebook.com/LaMeraviglia и споделете го овој пост на вашиот Facebook ѕид/Twitter профил.

Еден од пријавените, по избор на Тијана ќе го добие ланчето на фотографијата подолу :)  Ве чекаме! :)

image

Facebook Comment



You may also like