Skopje Street Festival 2.0

Ви текнува на еден супер лежерен настан што се одржа во градскиот парк лани ова време? На наша голема радост единствениот фестивал на отворено за млади, Скопје Стрит Фестивал ќе се одржи повторно овој викенд!

На 6-ти и 7-ми Јуни младите ќе можат да „се пресметаат“ на 6 стејџа: графити, скејт/блејд/бајк, стрит бол натпревари, денс стејџ, работилници и музички стејџ.

Повторно ќе се одржат работилници од повеќе области, а она што е интересна новина е натпреварот во баскет кој ќе се одржи помеѓу екипи од локалните кафулиња, но и помеѓу 4 женски екипи за што особено се израдувавме :)

На музичката сцена ќе настапат Зад Аголот, Диџеј Гоце, Страјк, ЛД Пистолеро, Диџеј Васо, Conquering Lion, а ѕвездата која ќе го затвори фестивалот во сабота е Едо Маајка.

Во соработка со Skopje Street Festival, овие неколку дена ќе објавиме инспирации за интересни фестивалски комбинации и како и секогаш, ќе се потрудиме да ви ја пренесеме атмосферата на нашите фејсбук, твитер и инстаграм профили.

Ѕирнете ја видео најавата, новостите следете ги на фејсбук страната на Skopje Street Festival и… се гледаме во петок во парк! :)

—–

Do you remember a great casual event that took place in the city park this period last year? We’re very happy to announce the only open-air youth festival Skopje Street Festival will take place again this weekend!

On the 6th and 7th of June, the young people could compete on 6 stages: graffiti, skate/blade/bike, streetball games, dance stage, workshops and a music stage.

There are going to be workshops in multiple areas and what is new and interesting is the streetball competition between teams of the local cafe’ bars, and 4 female teams for which we’re especially looking forward to :)

The music stage will host Zad Agolot, DJ Goce, Strike, LD Pistolero, DJ Vaso, Conquering Lion and the star that will close the festival on Saturday – Edo Maajka.

In a close collaboration with Skopje Street Festival, these couple of days we’ll publish inspiration for interesting festival outfits and as usual, we’ll try to close up the event on our facebook, twitter and instagram accounts.

Take a look at the video announcement, follow the news on their facebook page Skopje Street Festival and… see you on Friday at the park! :)

Facebook Comment



You may also like