Модна работилница со Rebekah Roy во Скопје

Дека модното блогирање и фотографија стануваат теми кои се се’ повеќе актуелни на македонската модна сцена докажува и последниот проект на Fashion Weekend Skopje и British Council Macedonia, во кој како поддршка на овогодинешната јубилејна десетта модна недела се организира работилница посветена токму на блогерите и модните фотографи.

Британската блогерка и стилистка Rebekah Roy, сопственичка на сајтот fashion-stylist.net и одговорна за изгледот на многу јавни личности од Kate Moss, Billy Idol до Kate Nash и Rosie Hutington -Whiteley во склоп на овогодинешниот моден викенд ќе одржи работилница во која со блогерите и фотографите ќе ги сподели своите препораки за што подобро пренесување на случувањата од пистата како и совети за подобро блогирање.

Содржината на работилницата се состои од теоретски и практични термини, распределени во пет дена. Практичните термини подразбираат следење на модните ревии и останатите настани кои се дел од Моден Викенд Скопје, подготовка на фотографии и статии за конкретниот настан и нивно моментално објавување онлајн. На секој практичен термин му следи дополнителна консултација – теоретски термин наредниот ден каде заедно со Ребека Рој ќе се прави анализа на резулатите од сработеното. Учесниците ќе бидат поделени во тимови, при што еден тим се состои од еден/на блогер/ка и еден/на фотограф/ка.

Доколку ова ви звучи примамливо, можете да се пријавите со поднесување на:

– Пополнет формулар (симнете го тука)

– Портфолио во електронска форма:

за фотографи: селекција од најдобри дела, за блогери:      селектирани објавени статии (дозволено е и само линкови);

– Биографија и кратко мотивационо писмо

– Една портрет фотографија.

Рокот за пријавување е 29 септември, а сите потребни материјали за да се пријавите треба да ги доставите на следниот мејл goran@fashionweekendskopje.mk

Блогери, се гледаме? :)

Facebook Comment



You may also like