Луѓето на Скопје | People of Skopje

3 девојки ги презентираат своите дневни инспирации и лежерната мода од улиците на Скопје.

Oва е мотото/носечката идеја/приказната зад Skopje Casual која полека си ја раснеме последниве (скоро па) три години. Уште од првиот момент кога одлучивме дека сакаме да правиме блог, знаевме дека неговото име мора да го содржи Скопје – како нешто што нѐ поврзува трите, нешто што постојано нѐ инспирира, нешто кое сакаме да го направиме уште полежерно и уште поубаво.

Долго се мислевме како да го дадеме нашето одбележје на овогодинешниот Skopje Design Week, дали да зборуваме за лежерна мода, дали да поставиме лежерна гардероба, но на крај се одлучивме за опција која сега слободно можеме да речеме беше најдобра – Skopje Casual го претставивме преку лежерните Скопјани кои досега „прошетале“ низ страните на нашиот блог. Направивме мал избор на фотки (ако ги ставевме сите кои сакаме веројатно ќе требаше да го излепиме цел Куршумли Ан :), ги закачивме на палети и еве уште до ден денес не можеме да престанеме да им се радуваме :)

Skopje Design Week беше првата прилика каде се осмеливме да ги изнесеме фотките од блог офлајн, и гласно да кажеме едно гооооолемо фала на сите кои нѐ радуваат и го разубавуваат Скопје со својот лежерен стил :)

Ви благодариме на сите кои барем малку подзастанавте пред нашата табла на Design Week, што сликнавте, што закачивте ваша фотка :), што ни пишавте дека сте се нашле, што со вас носите по малку „кежуал“ со секој нов чекор низ Скопските улици. :)

Лежерно Скопје, мноооогу ти се радуваме!

English translation at the end of the post.

image

image

image

image

image

image

image

image

image

фото|photo: @maya_buce

image

фото|photo: @ana_boranieva

image

фото|photo: @jtozija

image

фото|photo: @annasstyle

фото|photo: Александра П.

image

Нашиот најголем #win :) | Our biggest #win :)

3 girls showing off their daily inspirations and the casual fashion from the streets of Skopje.

This is the motto/main idea/the story behind Skopje Casual which we have been building slowly but surely for the past (almost) three years. Since day one we knew we somehow had to incorporate “Skopje” in the name of our blog. It was something that connected the three of us, that keeps inspiring us, something we want to make even more casual and beautiful.

We spent a long time trying to figure out how to present Skopje Casual on Skopje Design Week – should we talk about casual fashion, should we present some casual shirts/bags/accessories, but in the end we chose an option for which we can now proudly say was the best – we decided to present Skopje Casual through the photos of the casual people who have appeared on our blog. We chose a few photos, pinned them on boards and we still can’t stop smiling when we think of our small “installation”.

Skopje Design Week was the first occasion where we got the courage and moved our photos offline, and we did it just to say one BIG THANK YOU to everyone who are making Skopje prettier with their casual style :)

Big thanks to everyone who spent a few minutes in front of our board at Design week, everyone who took photos, who pinned photos :), who told us they’ve found their photos, to everyone who brings a bit of casual with every new step through the streets of Skopje :)

Casual Skopje, you make us sooooo happy!

Facebook Comment



You may also like