Веројатно веќе слушнавте, но не можеме и ние да не ве потсетиме дека наскоро ни доаѓа десеттото издание на Моден Викенд Скопје! Сезоната есен/зима за 2014/2015 година е најавена со строги црно-бели геометриски линии и едноставно – Моника низ објективот на Ани и Дими.
English translation at the end of the post.
Од 23-ти до 27-ми Октомври, на различни локации низ Скопје ќе бидат претставени најновите колекции на:
– Јован Петровски со луксузните брендови SQUIRE и Blackout
– Јована Филиповиќ (пролет‐лето 2015)
– „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska“ (пролет‐лето 2015)
– Ирина Тошева поддржана од My:time
– Le Brand
– Олгица Ѓоргиева поддржана од Oxette.
Премиерно ќе се представат модната куќа HERA, Инес Шабан, „JZJ by Zlatko Jovanovski“ и „Kufer by Andriana Dineva“ a за најмладите ќе биде претставена и модната продавница Софиленд со американски детски брендови. На дневната ревија на „Софиленд“ ќе гостуваат децата со Даунов синдром од здружението „Трисомија 21“ од Скопје.
Како дел од веќе поставената соработка со модните недели во Нови Сад и Приштина, како гости во оваа сезона ќе се претстават и Марина Миќановиќ од Србија и Флутура Дедиња од Приштина, а во рамките на проектот „Зона 45“ во соработка со белградската модна недела Модниот Викенд ќе го затвори српската дизајнерка Ивана Пиља која соработува со светски познати имиња како Лили Ален и Дита Вон Тис.
Веднаш по ревиите, продажбата на колекциите продолжува и оваа сезона, но овој пат во Lotus Design Store.
Најновото од Росица Мршиќ ќе го видиме во продолжение на Моден викенд Скопје на 31 октомври, додека „Mcouture by Mila Kadriu“ во организација на Моден викенд Скопје ќе подготви ексклузивна ревија кон крајот на ноември.
Од едукативен аспект, веќе ја најавивме работилницата која ќе се одржи во соработка со познатата блогерка и стилистка Ребека Рој, а во соработка со Министерството за култура ќе одржат предавања и Роберт Кавел Кларк од онлајн платформата за дизајнери Not Just А Label, Кендал Робинс програмски менаџер за мода во Британски совет Лондон и тимот на модниот онлајн магазин Stylist.mk.
Фото: Ани и Дими
Концепт и дизајн: Анита Гај
Модел: Моника Алексовска, модна агенција Подиум
Шминка: Авон Македонија# Зоран Шурбевски
Фризура: Lakme# Бубе Студио Ин
Кастинг директор: Ирина Илиевска
Cтајлинг: Виктор Цветановски
Видео: Марина Трајковска
Менаџер за односи со јавноста: Марија Илиќ
Продуцент: Светлана Богова‐Јовановска
—
You’ve probably already heard, but we just have to remind you that the 10th season of Fashion Weekend Skopje is approaching! Autumn/winter 2014/2015 season consists of black and white geometric lines and simply – Monika through Ani and Dimi’s lens.
From the 23rd to the 27th of October, оn different locations in Skopje, we’ll see the newest collections by:
– Jovan Petrovski with the luxurious brands SQUIRE and Blackout
– Jovana Filipovic (spring/summer 2015)
– „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska“ (spring/summer 2015)
– Irina Tosheva supported by My:time
– Le Brand
– Olgica Gjorgieva supported by Oxette.
For the first time on the runway, we’ll see the fashion studio HERA, Ines Shaban, „JZJ by Zlatko Jovanovski“ and „Kufer (Suitcase) by Andriana Dineva“. A special delight for the youngest audience will be prepared by the store Sofiland which will presents American brands for kids wear. The stars of the Sofiland show will be the kids with Down syndrome children from the association “Trisomia 21” from Skopje.
As a part of the already established collaboration with the fashion weeks in Novi Sad and Prishtina, Marina Mikjanovikj from Serbia and Flutura Dedinja from Prishtina will take part in this season; and as part of the project “Zone 45” in a collaboration with the Belgrade Fashion Week, Fashion Weekend Skopje will be closed by the Serbian designer Ivana Pilja who collaborates with world-known names as Lily Allen and Dita Von Teese.
Right after the fashion shows, the collections will be available for sale in the Lotus Design Store.
The newest collection by Rosica Mrsic will be presented after the Fashion Weekend Skopje ends – on the 31st of October; and „Mcouture by Mila Kadriu“ will throw an exclusive show at the end of November also organized by Fashion Weekend Skopje.
This year, an educational element will be added to FWSK, we’ve already announced the workshop that will be organized along with the world-known blogger and stylist Rebekah Roy. One more event to look forward to are the talksby Robert Cavell-Clarke from the online designer’s platform “Not Just A Label”, Kendall Robbins, the fashion program manager in British Council London, and the team of the Macedonian online magazine Stylist.mk.
Photography: Ani and Dimi
Concept and design: Anita Gaj
Model: Monika Aleksovska, Podium model agency
Make-up: Avon Macedonia# Zoran Shurbevski
Hair: Lakme# Bube Studio In
Casting manager: Irina Ilievska
Styling: Viktor Cvetanovski
Video: Marina Trajkovska
PR manager: Marija Ilikj
Producer: Svetlana Bogova-Jovanovska