Ако ни го следите блогот уште од самите почетоци, сигурни сме дека веќе насетувате дека е време за стандардниот емо-превозбуденисмедеканиероденден пост. Нема да правиме анализи на тоа колку постови сме објавиле, колку лајкови имаме или на колку ревии сме биле. Skopje Casual отсекогаш ни било место за радост, за дружба, за ширење на нашата приказна и мнооогу сме горди што и по четири години тоа е сè уште така.
Многу пати веќе сме кажале, ама уште некако ни доаѓа да споделиме, најголема радост од блогот ни се сите кежуал луѓе што ги запознавме во овие четири години и што секој ден ни го прават поубав докажувајќи ни дека casual is always awesome.
Баш затоа сме ептен ептен среќни што на 3ти март имаме уште еден повод за гооолема дружба. Ќе славиме роденден во Public Room, ќе играме на музичиња на најдобриот скопски DJ (веќе е непотребно да го најавуваме :) Гоце, ќе си го пиеме омилениот коктел по намалена цена (Cuba Libre за 100че, woooo! најавете доцнење за петок ;) и ќе си зборуваме за лежерни работки.
Темата за оваа година ни се квадрати, како четири страни кои прават една целина, како табела во Excel (ок ова само за Калина :D, како многу многу важна бројка во нашите животи во моментов (ќе дознаете повеќе за ова во следните месеци :). Не ви се лутиме ако дојдете и во карирано (програмери, we love you!), бидете си лежерни и спремете се за многу журкање :)
Одвај чекаме да се видиме! :)
English translation at the end of the post.