Вчера се потсетивме зошто се најдовме со „пинување“ на истите работи на Pinterest и зошто имаме заеднички блог… кога на недоговорено со Калина се најдовме за една тура сликање и две тури смеење – двете облечени во комбинација на риги и карирано :D
Карираната кошула е едно од омилените парчиња од минатата година кое го комбинирам во секаква прилика – само кошула со кратки ланчиња во слоеви, со сива маица или маица на риги, закопчана до горе под дебел џемпер и сигурно уште неколку варијанти кои спонтано ми доаѓаат.
Иако не се радувам премногу што ѕвонарките се враќаат во мода, се одлучив овие постари фармерки да не ги подвиткувам како што правам обично, па ги покрив старките како што би покрила повисоки чевли.
Часовникот е од новата линија Pepe Jeans од My:Time :)
English translation at the end of the post.